На територијата на Скопје вчера се изречени 94 санкции, меѓу кои за возење со брзина поголема од дозволената 19, 12 санкции за возење без возачка дозвола, четири за минување на црвено светло, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.
МВР информира дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.