Полицијата, по добиена пријава, денеска спасила 64-годишен маж од водите на реката Вардар, кај вливот на реката Лепенец.
– Денеска во 12:45 часот по добиена пријава во СВР Скопје дека на вливот на реката Лепенец во реката Вардар има машко лице во водата, веднаш се преземени мерки и активности и лицето е извадено , односно спасено од водата од страна на полициски службеници од Полицисиката станица за општа надлежност Карпош, информираат од Министерството за внатрешни работи.
64-годишниот маж кој бил од Скопје, самиот се фрлил во реката, инаку пациент на болницата во Бардовци, информира МВР.
Од страна на Итната медицинска помош лицето е пренесено во ГОБ „8-ми Септември.