Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Половина милион граѓани ќе бидат целосно имунизирани во август

0
By НОВА ТВ on July 28, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Засега не се планираат рестрикции на границите и во организирањето помасовни настани, но можно е од есен да ги има за невакцинираните граѓани. Се размислува за ограничувања од септември или октомври за оние што не примиле вакцина, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, соопштувајќи дека следат што преземаат другите земји за заштита од Ковид-19, особено со ширењето на позаразниот делта сој.

– Некои земји воведуваат брзи тестови за влез во маркети, места за културни настани итн. Размислуваме за тоа, но одлука сè уште не сме донеле. Меѓутоа, ако процениме дека ризикот од невакцинираните, генерално популацијата, вклучувајќи ги и вакцинираните, е доволно голем, ќе воведеме рестриктивни мерки, нагласи Филипче.

Во пресрет на новата учебна година, од средината на август ќе има интензивна кампања за вакцинирање на вработените во училиштата и во градинките кои, како што рече, се најкритичните и најбитните сектори за да може нормално да работат од септември.

Филипче повторно апелираше до граѓаните дека вакцинирањето е единствен начин да се смени сликата за пандемијата, притоа посочувајќи дека само 0,02 е процентот на заболени од Ковид-19 кои се целосно вакцинирани.

Од вкупно 330 илјади ревакцинирани, 92 пациенти се заболени од Ковид-19. Ова е уште еден доказ за тоа колку е корисна вакцината, додаде Филипче.

Тој оцени дека процесот на имунизација се одвива прилично добро и дека до денеска се очекува надминување на 500 илјади лица кои примиле барем една доза, така што  до крајот на август половина милион граѓани ќе бидат целосно имунизирани. Ревакцинирани (со двете дози од антиковид-вакцината) сега се над 330 илјади. На теренската вакцинација досега се вакцинирани околу 200 илјади лица – просечно помеѓу три и пет илјади дневно.

Како што информираше министерот, во источниот дел на државата има мал опфат на вакцинација, а прилично е висок во Охрид и во Битола. Околу 60 проценти од населението над 65 години е веќе вакцинирано, а од 19 јули, кога почна имунизирањето на пријавени деца од 12 до 17 години, вакцина досега примиле 630.

Покрај вакцинирање на пунктовите и на терен во рурални средини, македонски граѓани и натаму се вакцинираат во соседна Србија – во Бујановац, Врање, Ниш и Белград.

Координаторката на пунктот на белградскиот саем Светлана Мичиќ за агенцијата Бета изјави дека таму дневно се вакцинираат меѓу 300 и 500 лица, а за време на викендите меѓу 600 и 800 и дека половината од нив се државјани на Северна Македонија или Босна и Херцеговина, но дека одѕивот се намалува.

Според податоците на Здравствениот центар во Врање, до 23 јули на вакциналниот пункт во спортсака сала во овој град, со првата доза се вакцинирани 12 006, а со втора доза  9392 македонски граѓани.

Во дневната статистика Министетството за здравство вчера евидентираше 39 нови случаи на Ковид-19 од 3839 тестирања. Оздравени се 12 пациенти и не е регистриран починат.

И натаму најголем број од новозаразените се од Скопје (12) и Тетово (14) кои имаат и најмногу активни случаи (118 и 94). Гостивар има пет нови случаи, Куманово четири, Кичево два, а Битола и Валандово по еден.

Двоцифрен број на активни случаи имаат уште три општини: Куманово (36), Гостивар (21) и Кичево (10), а 15 општини немаат ковид-позитивни. Вкупно активни во државата има 326 лица.

Од почетокот на епидемијата минатиот февруари, коронавирусот е потврден кај 156 124 лица од 959 456 направени тестови. Оздравени се 150 307, а починале 5491 пациенти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.