Варшава досега му испорачала воена опрема на Киев во вредност од околу седум милијарди долари, јавија полските медиуми.
„Полска во меѓувреме ја зазема една од најтврдите позиции против Москва и важи за главен поддржувач на вооружувањето на Украина“, пишува „Милитари Воч Магазин“ (Military Watch Magazine).
Киев од својот сосед наводно добил 200 тенкови Т-72, неколку артилериски системи Гвоздика, ракетни фрлачи Град и ракети компатибилни со ловците МиГ-29 и Су-27 на украинските воздухопловни сили.