Во Полска има уште работа на полето на владеење на правото, изјави денеска претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен за време на посетата на Варшава.
Нејзината изјава доаѓа по одобрените милијарди евра за економско закрепнување на Полска од ковид-19.
„Не сме на крајот од патот во однос на владеењето на правото во Полска“, рече Фон дер Лајен на прес-конференција.