Полска денеска соопшти оти им предложила на американските претставници да ја исклучат Русија од групата Г20 на што, наводно, било позитивно одговорено.
Полскиот министер за економски развој и технологија, Пјотр Новак изјави дека за тоа се разговарало на одржаните состаноци во Вашингтон во минатата недела.
„За време на состаноците предложивме Русија да се исклучи од Г20, што наиде на позитивен одговор и одобрување, а прашањето треба да му се предаде на претседателот Џозеф Бајден“, изјави Новак пред новинарите во Варшава.
Засега нема одговор од американското Министерство за трговија.