Лица, чиј идентитет сè уште не е познат, вчера ја полија со црвена боја амбасадата на Полска во Москва. Потегот следува, откако Русија од Варшава побара официјално извинување за инцидентот во кој рускиот амбасадор во Полска беше полиен со црвена боја, пишуваат странски медиуми.
Руското Министерство за надворешни работи вчера го повика полскиот амбасадор Кристоф Крајевски, да му врачи протесна нота поради „скандалозниот“ напад. Беше побарано и „официјално извинување“ од полската Влада.
„Одлуката за следни чекори, ќе биде донесена врз основа на реакцијата на Варшава на нашите барања“, наведија од руското Министерство.
Како што информираат медиуми, Крајевски го потврдил инцидентот.
Заменикот на полскиот министер за надворешни работи, Марцин Прзидац во Вашингтон изјави дека очекува Русија да го расчисти инцидентот и да ги фати виновниците.
Шефот на полската дипломатија, Збигниев Рау во понеделникот истакна дека нападот врз рускиот амбасадор е инцидент што не требало да се случи.
Полска прими стотици илјади украински бегалци, откако рускиот претседател Владимир Путин ја испрати својата војска во Украина на 24 февруари.
(Видео) Демонстранти го полеаја рускиот амбасадор во Полска со црвена боја на гробишта