Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со двојно државјанство околу 53.000 граѓани во земјава, од кои 19.645 и со бугарско

0
By НОВА ТВ Balaban on April 29, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од вкупно 53.201 граѓанин со двојно државјанство, најголем дел, 19. 645, освен македонското, имаат и бугарско, по што следат 10. 909 и со српско, 3.819 и со хрватско, 2.393 и со косовско и 2164 и со албанско државјанство.

Околу три проценти од вкупното резидентно население во земјава имаат двојно државјанство. Најголем дел од нив, околу 37 проценти освен македонско имаат и бугарско државјанство, додека половина од лицата со двојно државјанство се млади од 20 до 34 години и активно население од 35 до 49 години, покажуваат податоците од Пописот 2021, објавени денеска од Државниот завод за статистика.

Од вкупното резидентно население 1 778 725 лица се државјани на Република Северна Македонија, 53 201 се државјани на Република Северна Македонија и друга држава, 4203 се државјани само на друга држава, а 584 лица немале државјанство.

Интересно е тоа што, додека двојно државјанство повеќе имаат мажите – 30 003, отколку жени – 23 198, државјани на друга држава кои живеат во нашата земја се повеќе жени – 2824, од мажи – 1 379.

По старосни групи, најголем дел од резидентното население со двојно државјанство се на возраст од 35 до 39 години – 5 190 лица. Половина од лицата со двојно државјанство се млади од 20 до 34 години – 11 768 или 22 отсто и активно население од 35 до 49 години – 15 171 или 28,5 проценти.

Од вкупно 53 201 граѓанин со двојно државјанство, најголем дел 19 645 освен македонското, имаат и бугарско, по што следат 10 909 и со српско, 3819 и со хрватско, 2393 и со косовско и 2164 и со албанско државјанство.

Според етничката припадност, најголем дел од граѓаните со двојно државјанство се Македонци – 58,8 проценти, постоа Албанци 16,04 отсто и Срби – 10,7 проценти.

двојно државјанство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ФОКУС

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

ВЕСТИ November 5, 2025

Македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација…

Зоран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.