Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поплавите во струмичко ќе ги остават земјоделците без род

0
By Томе Христов on February 17, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иако водата се повлекува од обработливото земјиште и населените места во струмичкиот регион, дел од општините кои беа зафатени од поплавите се уште немаат извршено проценки за настанатите штети.

Сликата во неколку куќи низ местата кои беа поплавени се уште е катастрофална. Пониските места и подрумите се целосно уништени, а обработливите површини сега се полни со кал откако водата се повлекува. Земјоделците велат оваа година е загубена. Се прашуваат како ќе опстанат кога нема да можат да ги посадат земјоделските култури. Тие пак што ги имаат посадено, се целосно уништени и се под вода. Велат, штетите за кои допрва ќе се утврдува откако ќе се направат проценките од страна на комисиите, ќе бидат огромни.

Во струмичко неколку села беа целосно под вода за време на поплавите. Најмногу на своја кожа тоа го почувствуваа жителите на Муртино, Моноспитово, Бориево, Зубово, Дабиле и Просениково. Се до денеска не се знае колку хектари земјиште зафатија поплавите во струмичкиот регион. Единствено што можеше да се утврди на терен беше сликата од населените места кои повеќе наликуваа на мали езера.

„ Расадот ни беше подготвен за сеидба, но се е под вода и не можеме да го засадиме, му поминува вегетацијата, а трошоците се големи, штетите се огромни. До сега никој од надлежните не дојде да види каква е состојбата, а се е под вода и кал“, вели Асенчо Стаменов од село Бориево.

„ Главниот проблем беше реката Струма која не е исчистена многу одамна, го кине трапот и влегува вода дури во селото. Трипати се обидувавме да ја градиме реката иако не е наша работа, изјави Ристо Јарков земјоделец од село Бориево.

Земјоделците велат дека сега е потребно што побргу да се направат проценките од штетите и да им бидат исплатени средства за да можат да опстанат.

Од општина Босилово изјавија дека е утврдена општинска комисија која е на терен и врши проценка од поплавените површини и домови.

„ Во моментот се работи на терен, до нас има пристигнато околу 40 барања за поплавени домови, а за обработлива површина се уште нема. Проценката ќе се утврдува според методологијата од 2001 година и не знаеме кога ќе заврши, вели градоначалникот на Босилово, Љупчо Колев.

Од општина Струмица потврдија дека проценката за утврдување на штетите е речиси во целост завршена. Членовите на комисијата извршиле увид по вкупно 471 барање, од кои 37 во Дабиле, 74 во Просениково, 86 во Сачево и 262 во Муртино.

„Од овие барања 40 се за поплавени куќи или помошни простории, а останатите за обработливо земјоделско земјиште во атарите на овие населени места. Барање за проценка на штети поднеле и 12 правни лица“, велат од општина Струмица.

Од таму додаваат дека следува обработката на податоците и изработка на поединечни пресметки за секој подносител на барањето и изработка на извештај за вкупните штети од поплавите, кој откако ќе биде усвоен од Советот на општина Струмица, ќе биде доставен до второстепената владина комисија.

Штетите од поплавите ќе значат пролонгирање на садење на градинарските култури, што во исто време значи и пролонгирање на приходите, велат агрономите.

„ Направени се големи штети, кои директно ќе се одразат на редуцирање на културите или уништување целосно на некои поседи, како житните и градинарските култури, вели агрономот Душан Спасов.

Според него, не може да се каже во овој момент дали ќе имаме и ценовни шокови бидејќи не се направени проценките , но тоа што е сигурно е дека не може да се запазат некои рокови кои биле планирани за извоз, а тоа значи дека пазарите нема да бидат задоволени со одредени земјоделските култури.

Од Синдикатот на земјоделците во Струмица го обвинија министерот за земјоделство заради, како што велат, неизлегување на терен да ја увиди состојбата.

„Половина од обработливото земјиште во Македонија е поплавено, а министерот за земјоделство како да не е од оваа планета, обвинуваат од синдикатот.

Тие го повикаа министерот Цветков да излезе на терен и да им се помогне на земјоделците во овие тешки денови.

„ Земјоделството пропаѓа по сите гранки, овие поплави уште повеќе ќе ги намалат приходите на земјоделците, а вас ве нема на терен. Затоа сакаме да ве прашаме, ако се уништи земјоделството во Македонија, на кого ќе бидете министер вие?, рече Ристо Велков, претседател на Синдикатот на земјоделци во струмичкиот регион.

Земјоделците побараа и исплата на субвенциите, проценка на штетите и исплата во најкус можен рок, како и програма за чистење на каналите и одводнување на нивите.

Одговор добија не од ресорниот министер, туку од министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, кој вети дека ќе се исплатат субвенциите на лозарите. Веќе вчера преку соопштение беше кажано дека лозарите се исплатени.

На сметките на 13.767 лозари се префрлени 396 милиони денари. Владата на лозарите им исплати по 40.000 денари по хектар за одржување лозови насади. Со исплатата целосно се завршени обврските за субвенции по оваа мерка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.