Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, доцна синоќа поднесе оставка од функцијата.
Таа самата ја соопшти веста додека зборуваше во Собранието, откривајќи дека причината за оваа оставка е поврзана со нејзината здравствена состојба.
Почитувани колеги од парламентарното мнозинство и почитувани колеги од парламентарната опозиција. Овде денеска завршува мојот 3-годишен ангажман на чело на Собранието. Поради мојата здравствена состојба, не можам да ја извршувам високата должност на вториот државен функционер на државата, со потребната посветеност што ја повлекува оваа должност, рече Никола од собраниската говорница.
Линдита Никола, 59, е универзитетска професорка и пред да биде избрана за парламентарец таа беше министерка за образование.