Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Порака на Зеленски на Преспа Форум Дијалогот: Наша и ваша интеграција во ЕУ за демонтирање на руската способност да нè победи поединечно

0
By Sashko on June 16, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Полноправното членство на Украина, како и целосната европска интеграција на вашите држави за историско зајакнување на Европа и целосно демонтирање на руската способност да нè победи поединечно. Потребен нѝ е позитивен одговор за нашата и ваша европска перспектива и благодарен сум што работиме на таа цел заедно, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето попладнево на Преспа форумот за дијалог што денеска и утре се одржува во Охрид.

„Сега е историски момент за Европа и европската безбедност, кога сите треба да одлучат што е Европа и каква ќе биде Европа во иднина. Дали ќе биде слободна како што е сега? – Дали ќе биде безбедна како што се навикнати повеќето Европејци? – Дали ќе биде социјално и економски развиена и што ќе ги инспирира општествата надвор од нејзиниот континент?“, праша Зеленски кој беше специјален гостин на Преспа форумот.

Тој нагласи дека за Украина ова е најстрашниот воен предизвик и оти украинскиот народ се брани веќе 113-ти ден од, како што рече, руските амбиции да го уништат украинскиот народ и култура.

„Русија сите нас нè предизвика, секоја нација на континентот, секој регион во Европа. Почнувајќи ја оваа војна против Украина, Русија се обиде да направи oтскочна даска за напад врз други нации во Европа. Затоа нашата одбрана во оваа војна е од фундаментално значење за безбедноста на секого во Европа“, нагласи Зеленски.

Сите ние во демократскиот свет, продолжи украинскиот претседател, се соочивме со енергетска криза без преседан.

„Многу години Русија креира впечаток дека е наводно сигурен извор на енергетски ресурси, но во реалноста направи различни европски земји да зависат од неа. Уште полошо сценарио е со пазарот на храна, при што не само што се зголемуваат цените на основните прехранбени производи, туку се создава и нова мигрантска криза. Ќе споменам уште еден елемент од руската антиевропска политика, а тоа е дека Русија е можеби најголемиот инвеститор во пропаганда“, оцени Зеленски.

Тој оцени дека токму затоа, сериозна дискусија за безбедносна архитектура во Европа мора да биде базирана на потребата да се ослободи Европа од зависноста што руската држава ја прави со децении.

„Безбедноста е невозможна без тоа и затоа се потребни санкции за антиевропската политика на Русија. Ова треба да се земе предвид при подготвувањето на седмиот пакет санкции на ЕУ. Треба да разбереме дека санкциите станаа дел од европската безбедносна архитектура. Тие имаат за цел мир и стабилност ограничувајќи ја способноста на Русија да ја прошири агресијата“, оцени Зеленски.

Тој притоа истакна дека на Европа ѝ е потребна целосна енергетска независност.

„Не може да се одржуваат трговски врски со Русија. И најважно од се е ние мора да ја направиме Европа, конечно, обединета. Поради тоа Украина и вашите земји од Западен Балкан се подеднакво заинтересирани за тоа. Самитот на ЕУ-Западен Балкан ќе се одржи наскоро. Посакувам тој да биде успешен за вашите држави. Ви благодарам за вашата поддршка за Украина што нѝ ја давате на повеќе нивоа, при што овој јуни ќе биде успешен за нашата земја во релациите со ЕУ. Одговарајќи за нашата европска перспектива, и одговарајќи за вашата европска перспектива, народите во Европа и европските политичари одговараат за иднината на Европа“, заклучи во своето обраќање украинскиот претседател Зеленски кој се обрати како специјален гостин на Преспа форум дијалогот што се одржува во Охрид.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.