Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Порака од панел дискусија: Руската инвазија неприфатлива – ЕУ да е посмела во процесот на проширување

0
By Mirjana on March 24, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Руската инвазија над Украина е неприфатлива и потребно е да биде осудена од светот. Штетите од неа се глобални, а ќе ги има и Северна Македонија и потребно е ЕУ да биде посмела во процесот на проширувањето и да ги реобмисли своите ИПА фондови во однос на поддршката на регионот на Западен Балкан,  со цел подобро справување со последиците од украинската криза. Ова беше истакнато на панел дискусијата на тема „Војната во Украина и нејзиното влијание на Балканот“ што се одржа денеска во организација на Факултетот за политички науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС).

Говорејќи за импликациите од украинската криза врз процесите на Балканот, пред сé во земјава Едвард Џозеф, виш предавач на Факултетот за меѓународни односи (SAIS) при Универзитетот Џонс Хопкинс, САД, вели општа перцепција кај Американците е дека руската инвазија на Украина е неприфатлива. Причината за таквата цврста перцепција кај Американците и кај Европјаните, а  која нужно не ја делат луѓето на Западен Балкан, во Азија, на Блискиот Исток ниту во Африка, е дека со неа е дискредитиран Путин, Русија, руската одбрана и руската војска, информативната војна што ја води Москва. Дискедитиран е, додава, и нивниот национализам, наметнувањето на нивната историја и оспорувањето на идентитетот.

-Не можам доволно да ја нагласам важноста за промената на таа перцепција кај луѓето во САД и ЕУ за Русија и Путин и руската војска како некомпетентни и ако тоа не се регистрира овде кај луѓето на Балканот тогаш тоа е проблем. Позитивната страна е и да се види контрастот меѓу водството на Путин и Зеленски, храброста покажана од лидерството и граѓаните на Украина и нивната посветеност да се придржат на западот и ЕУ, вели проф. Џозеф.

Според него, тешко е да се предвиди развојот на настаните на терен во однос на инвазијата во Украина но многу е важно единството на ЕУ во однос на санкциите, особено во делот на енергетиката.

– Европа призна дека стратегиски енергетската зависност од Русија е грешка… Не можеме да го предвидиме развој на терен постојат некои назадување кај Украинците, но важно е да се нагласи дека не постои втора шанса за прв впечаток, а наративот кој го создаде Русија со оваа неиспровоцирана агресија, и со тоа што е документиран и нападот на најголема нуклеарна централа во Европа – центалата во Запорожје и чекорите со кои ја загрозија нукеларката во Чернобил не може да не ве загрижуваат, вели Џозеф.

Радмила Шекеринска, поранешна министерка за одбрана смета дека се легитимни дискусиите кои се водат во ЕУ во однос на поддршката на своите граѓани и компании за справување со импликациите од украинската криза и воведените санкции. Таа смета дека би било апсурдно ако Западниот Балкан не побара од Брисел да има слични преобмислувања во однос на ИПА средствата од европските фондови кои се веќе расположиви за земјите од регионот, бидејќи актуелната ситуација не е нормална и би било голем хендикеп за регионот ако не видиме отворање на таква дебата во однос на прашањата како енергетските и одбранбените импликации. Според неа, ако имаше сомневања за вредноста на НАТО членството на Северна Македонија пред две години, денес, вели таа, тие веќе не постојат.

-Ние сметаме дека ја извршивме нашата должност со обезбедување на безбедноста на нашата држава. Такви големи потези се потребни денес и во однос на нашето пристапување во ЕУ, и се надевам дека ова ќе ги убеди колегите од ЕУ да бидат посмели во однос на проширувањето, вели Шекеринска.

Амбасадорот на Република Северна Македонија во Украина, Крум Ефремов осврнувајќи се на евакуацијата на нашите граѓани од Украина посочи дека најголем дел од мапираните се веќе евакуирани. Останати се, вели, мал број шест, седум наши граѓани и членови на нивни семејства коишто се во регионот Херсон којшто е практично окупиран. Така што, колку повеќе поминува времето условите за евакуација ќе бидат посложени, а како можност остануваат зелените коридори или т.н. хуманитарни коридори коишто се договараат меѓу Украина и Руската Федерација со посредство на Црвениот крст.  

Тој рече дека нема во моментот податоци за конкретната бројка на Украинци кои побарале статус на бегалци во земјава, меѓутоа посредувал во некои случаи на пријатели, на познати коишто се дојдени тука и престојуваат во Северна Македонија. Најголем број на бегалци од Украина, нагласи, се во соседните земји, а најмногу ги има во Полска над 2,1 милион.

Во однос на економските санкции, односно економските последици за државата поврзано со надворешно – трговската размена освен енергетиката која што де факто ќе има големи последици не само во регионот на Балканот туку и пошироко, во Европа и глобално ќе имаме големи пореметувања во цената на енергенсите.

-Пченицата и брашното се исто така еден елемент којшто Украина и Русија негде 25 отсто од глобалните потреби ги задоволуваат. Во моментов во Украина, многу малку е засеано. Така да последиците ќе се осетат таму негде во последниот квартал на годината кога ќе треба, да се ефектуира новата жетва на некој начин. Ќе има исто така последици во некои други сектори. Спомнав железото и челикот бидејќи 80 отсто од нашата трговска размена е со увоз на овие производи посебно во т.н. железо што се користи за високоградбата, армирано железо, други типови на железни слабови кои се користат во металопреработувачката индустрија. Меѓутоа нашата индустрија ќе мора да наоѓа други пазари од каде што ќе ги набавува тие производи, вели амбасадорот Ефремов.

Што се однесува до извозот на нашите прозиводи, вели, ние имаме околу 20 милиони долари извоз минатата година. Најмногу извезуваме во фармацијата, лекови, на второ место се акумулаторите, имаме извоз и на раноградинарските производи посебно младата зелка.

-Ние имаме голем дефицит, негде околу 120 милиона имаме увоз, околу 20 милиони долари имаме извоз, значи увозот е многу поголем во однос на извозот. Меѓутоа во вакви ситауции кога има воена состојба сите мора да се прилагодуваат. Така да штети ќе има не само за балканските земји, глобано сите земји односно и за ЕУ, заклучи Ефремов.

Панел за војната во Украина и влијанието врз Балканот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени…

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.