Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пораката на Антоан Леис, човекот чија сопруга беше убиена во нападите во Париз

0
By Нова ТВ on November 19, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Французинот Антоан Леис ја загубил својата сопруга во смртоносните терористички напади во Париз. Неговата објава со посвета кон терористите на ИСИС беше споделувана илјадници пати. Сопругата на Антоан, Елен, загинала во нападите во „Батаклан“ концертната сала.

„Во петокот го одзедовте животот на едно прекрасно човечко суштество. Љубовта на мојот живот, мајката на моето дете, но нема да уживате во мојата омраза. Не знам кои сте и не сакам да знам, вие сте мртви души. Ако вашиот Бог во чие име убивате заслепени, сакал тоа да бидеме ние, секој куршум во телото на мојата сопруга тогаш е рана во неговото срце. Затоа нема да ви ја подарам мојата омраза. Очигледно ја баравте, но ако на тоа одговорам со бес, ќе значи дека се предавам со истата неукост која вас ве направи она што сте.

Сакате да се плашам? Сакате поинаку да ги гледам своите сограѓани? Да ја жртвувам мојата слобода за безбедност?…Вие губите…Утрово ја видов, чекајќи после денови и ноќи. Беше исто толку убава како што беше во петокот вечерта. Исто убава како тогаш кога се заљубив во неа пред 12 години.

Секако, скршен сум од тага, ќе ви го дадам таа мала победа. Но тоа ќе трае кратко. Знам дека таа ќе биде со нас секојдневно и дека ќе се сретнеме во рајот каде што се слободните души, нешто што вие никогаш нема да знаете што значи.

Ние сме само двјаца, мојот син и јас, но помоќни сме од сите војски во светот. Немам повеќе време да трошам на вас, треба да се вратам кај Мелвил кој се буди по својата попладневна дремка. Тој е само 17 месеци.

Ќе појадува секој ден, и ќе си играме пак како што тоа го правиме секој ден, и во секој ден од неговиот живот, ова мало момче ќе ве навредува со неговата среќа и слобода, бидејќи ја немате ниту неговата омраза, Антоан Леис“, се вели во неговата порака која потоа е ставена во видео контекст за BBC.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.