Кито: Еквадорските власти синоќа го уапсија поранешниот потпретседател Хорхе Глас и го одведоа од мексиканската амбасада поради што Мексико ги прекина билатералните односи.
Глас е двапати осуден за корупција. Се засолни во амбасадата во градот Кито откако побара политички азил во декември, тврдејќи дека од државното обвинителство бил прогонуван политички.