Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поразените учат од своите грешки

0
By Zoran Ivanov on November 7, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Испадна дека е полесно човек да биде претседател на САД, одошто да биде кандидат. Тоа дополнително и ја влоши позицијата на Харис, бидејќи кај гласачите создаде впечаток оти Бајден не ја смета за дорасната за Претседател.

 Тони Дескоски

Настрана од еуфоричните честитки за победата на Трамп и тажачките за поразот на Камала Харис, клучнната личност за исходот на овие претседателски избори во САД е сегашниот Претседател Бајден.

Неговата сериозно редуцирана способност за обавување на функцијата стана посебно очигледна за јавноста од средината на 2023.

Неговото инсистирање на кандидатура за втор мандат, значително му помогна на Трамп за добивање на Републиканската номинација, но и го блокираше процесот за селекција на кандидатот на демократите за Претседател. Згора на тоа, очигледната неспособност на Бајден, доведе прво до целосен пад на неговиот рејтинг и дури потоа до негово повлекување од трката во последен момент. За штетата по неговите демократи да биде уште поголема, заради кусокот на време, Камала Харис беше “октроирана” во кандидат, а не избрана на внатрепартиски избори.

Конечно, неспособниот за кандидатура Бајден, остана на претседателската позиција. Испадна дека е полесно човек да биде претседател на САД, одошто да биде кандидат. Тоа дополнително и ја влоши позицијата на Харис, бидејќи кај гласачите создаде впечаток оти Бајден не ја смета за дорасната за Претседател.

Двете кампањи беа успешни: онаа на Трамп успеа да го создаде големото водство пред повлекувањето на Бајден, а потоа и да го сочува истото до крајот. Кампањата на Харис пак успеа значително да ја намали почетната разлика и да доведе до неизвесен финиш.

Промената на власта е дел од американскиот демократски систем. Поразените учат од своите грешки. Промената создава простор за надеж за подобри времиња и поуспешни политики.

Од Фејзбук ѕидот на авторот

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.