Синоптичарите најавуваат пороен дожд и грмежи за денеска попладне и во вечерните часови. Во текот на ноќта процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветaр и појава на град.
Во делови од Скопската котлина во вечерните часови и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветaр.
За утре претпладне, синоптичарите најавуваат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа во јужните делови врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува и засилен до силен ветaр од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина и над 60 км/час.