Возило „Порше“ кое минатата година било пријавено за украдено од жител на Битола, вчера било пронајдено во селото Песочани во Дебарца.
Возилото било без регистерски ознаки а по него имало распишано централна потерница.
Возилото е обезбедено за понатамошна постапка, се наведува во билтенот на МВР а него го пронашол полициски службеник од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, вчера во 10.35 часот.