Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Портпаролот на Зеленски го демантира Бајден за „неслушањето“ на украинскиот претседател

0
By Mirjana on June 11, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Портпаролот на украинскиот претседател Сергеј Никифоров денеска изјави дека не се точни тврдењата на американскиот претседател Џо Бајден дека Владимир Зеленски „не сакал да слуша“ кога американските разузнавачки служби собрале информации дека Русија подготвува инвазија на Украина.

Никифоров изјави дека американскиот и украинскиот лидер се слушнале неколку пати пред да се влоши ситуацијата и дека Киев побарал воведување превентивни мерки против Москва, јави порталот „Известија“.

„Затоа треба да се разјасни фразата „не сакаше да слуша“. Дополнително, ако се сеќавате, претседателот на Украина ги повика партнерите да воведат пакет превентивни санкции со цел да ја поттикнат Русија да ги повлече своите трупи и да ја деескалира ситуацијата. И веќе можеме да кажеме дека нашите партнери „не сакаа да не слушнат“, изјави Никифоров.

Бајден претходно денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „не сакал да слуша“ кога американските разузнавачки служби собрале информации дека Русија подготвува инвазија на Украина.

„Ништо такво не се случило од Втората светска војна. Знам дека многу луѓе мислеа дека можеби претерувам, рече Бајден, обраќајќи им се на донаторите во Лос Анџелес за да соберат средства за Демократската партија.

Тој додаде дека знаел оти САД имаат информации дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја мине границата, пренесоа американските медиуми.

„Немаше сомнеж во тоа, но Зеленски не сакаше да слушне, рече Бајден.

Никифоров контра Бајден за тоа дали слушал или не слушал Зеленски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери воБиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ФОКУС

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

ВЕСТИ November 5, 2025

Македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација…

Зоран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери воБиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.