Илија Цветковски е млад режисер чии филм Avec L’Amour ја плени Македонија со приказната за професорот по биологија Дионис и неговата страст – олдтајмерите. Идејата за овој нискобуџетен филм, кој бележи свој успех и во Македонија и надвор од неа, Цветковски ја добил сакајќи да го прикаже начинот на живот на Дионис Пашлаков на филмско платно и притоа барем за момент да покаже дека никогаш не треба човек да се откаже од својот сон.