Репрезентацијата на Португалија на полувремето води со 1-0 во мечот за пласман на Светското првенство.
Иако македонските фудбалери одиграа одлични 30 минути, сепак грешката на Стефан Ристовски беше пресудна противничкиот тим да ја искористи можноста и да даде гол за водство од 1-0.
Голот го даде Бруно Фернандез.
За играчот на Манчестер Јунајтед ова беше прв погодок во мундијалските квалификации, од вкупно тринаесет за Португалија.