Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Последната средба со Груевски за Тоше Проевски и Александар Македонски

0
By Борјан Јовановски on September 5, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се она што се случува денеска во актуелната јавна дебата околу референдумот ме наврати во сега далечната 2007, зимата, некаде во ноември, ако добро се сеќавам, малку по трагичната и прерана смрт на Тоше Проевски.

Тоа беше време кога се уште имав некаков контакт со Никола Груевски со кој инаку бев во добри односи кога беше лидер на опозицијата. И денеска како новинар сметам дека опозицијата би можела да е еден од најдобрите и најрелевантни извори на новинарството.

Во една ноемвриска вечер ми се јави секретарката на Груевски и ме праша љубезно дали би можел да дојдам и да се видам со премиерот. Се разбира прифатив, за да ја искористам таа средба да се информирам за различни актуелни теми во тој период. Не ја прашав љубезната Ленче зошто и кој е поводот што Груевски сака да се види со мене.

Дојдов во закажаниот термин и како што е ред со него почекав добри 40 тина минути за да влезам во неговиот кабинет. Ме прими љубезно. Брзо по започнувањето на средбата ме праша што мислам за тогаш актуелната најава дека аеродромот ќе го добие името Александар Македонски. Без двоумење го споделив моето мислење кое патем го имам и ден денешен, дека тој потег не носи никакво добро и дека непотребно ќе ја загрози позицијата на Македонија на меѓународната политичка сцена на која до тогаш бевме сметани како жртви на грчките националистички хирови. Тој потег сметав дека ќе и биде од корист на грчката дипломатија на која тогаш очајно и недостасуваа аргументи за да не прикаже во очите на светската јавност како иредентисти кои посегаат по нешто туѓо. До тој момент Грција беше без оружје в рака, а бевме на само седум месеци пред најавениот прием на Македонија во НАТО, заедно со Албанија и Хрватска. Беше се на свое место онака како што посакувавме. Кусо му го образложив ова што нему очигледно, според гестикулациите, не му се допаѓаше.

За да продолжам со раскажување на оваа наша последна средба во четири очи, дозволете да ве потсетам на една епизода поврзана со именувањето на аеродромот.

Во обид да ја превенира ескалацијата во грчко -македонските односи која може да ја загрози утврдената агенда на самитот во Букурешт каде беше послан црвен килим и за нас, искусната американска амбасадорка, умна жена, Џилијан Миловановиќ се обиде во јавноста да пушти една алтернатива.

Имено, таа сугерираше дека доколку ни е толку неопходно да го наречеме аеродромот да го направиме тоа во чест на нашиот Тоше Проевски. Арументацијата на Миловановиќ беше сосема на место. Тоше беше прифатен од сите етникуми во Македонија и добро познат во целиот регион па  во тој случај сосема заслужено би било аеродромот да го носи неговото име.

Знаејќи за оваа шармантна идеја на Миловановиќ, на средбата на Груевски му реков дека таа идеја на американската амбасадорка ми делува сосема исправно. Мислам дека не ја ни довршив реченицата, а Груевски рипна од фотелјата како попарен.

Се исправи на нозе и ми рече: “Имам работа и немам повеќе време и инаку знам кој те испраќа”. Јас останав вкочанет во фотелјата од спротива збунет од неговата бурна реакција. Сепак се соземав станав и реков дека го почитувам неговото време, но сакав да нагласам дека мене никој не ме испраќа, како што рече тој, бидејќи тој ме покани и побара средба со мене а не обратно. Елементарната логика наложува дека ако некој ве испраќа кај некого, тогаш вие сте тој што барате средба за да стигнете до таму. Заминав збунет, но сигурен во сознанието дека Груевски има сериозен проблем со именувањето на аеродромот.

Подоцна дознав дека по најавата за именувањето на аеродромот сите наши амбасадори во земјите членки на НАТО биле повикани на разговор во тамошните министерства за да им се укаже на последиците кои можат да произлезат од оваа инфантилна одлука. Последиците станаа очигледни веќе во април, кога на Самитот на НАТО во Букурешт, Грците успеа да го вклучат „црвеното светло“ за нас, градејќи ја својата аргументација за нашето посегање по хеленската историја.

Подоцна на оваа тема, бидејќи немав прилика повторно да го сретнам, му напишав и едно отворено писмо. Неговата суета, а можеби и нечии (јужни) влијанија врз него, не му дозволија да слушне тоа што се обидувавме да му го кажеме многумина од нас и нашите пријатели од ЕУ и САД.

Груевски со неговите инфантилни опсесии кои влегуваат во доменот на патологијата, го создаде она што Грците очајно се обидуваа да го направат за да не прикажат во очите на светската јавност како крадци на туѓото, ширејќи лажни вести за нас.

Во едно од изданијата на влијателното француско списание “Politique étrangère” од 1992 посветено на грчко македонскиот спор најдов текст на грчки автор во кој тој вели дека Македонија го именувала аеродромот Александар Македонски обидувајќи се на тој начин да не прикаже како иредентисти.

Чудно навистина, но токму Груевски ја направи оваа лажна вест на грчката пропаганда од деведесеттите години да стана вистина по што се тргна наопаку.

На оваа тема првиот шеф на македонската дипломатија Денко Малевски изјави: „Првото прашање што како министер тогаш постојано го добивав од грчките новинари беше: Дали сте потомци на Александар Велики? Од првиот ден на независноста на Македонија, Грција просто нѐ туркаше во стапицата да се декларираме за потомци на Александар Велики, за да може така да нe дискредитира на меѓународен план – да прикаже дека Македонија има претензии кон грчката историја, територија итн.. Само така Грција ќе покажеше пред светот дека има случај во спорот за името со Македонија. Нив ги плашеше нашиот вистински базично словенски идентитет, и како погрченото население ќе реагира на таа нова држава на северот“, рече Малески.

После се, Груевски сега вели дека ако прифател тоа што барале Грците од него, се ќе било поинаку. Да, ќе беше се многу поинаку само ако ги прифатеше добронамерни совети од пријателите и сите нас што ја сакаме оваа наша убава земја која има многу со што да биде горда без да посега по туѓото. Ќе беше поинаку затоа што од 2008 ќе бевме членка на НАТО а може би веќе и на ЕУ во позиција од која сигурно ќе најдевме подобро решение за името.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.