Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Последните денови пред критикување на Заев

0
By Биљана Секуловска on May 20, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред да започнеме со сериозна критика на работењето на Заев и неговите најважни луѓе, тогаш кога ќе направи Влада, срцето и целата сила на душата остануваат посветени на фасцинацијата кон Груевски, нашиот иден непребол.

Погледнете го ве молам како важно и силно, за да татни земјата, тој чекори кон нови победи, предизвици, успеси, додека на сите не ни се сврти од таа тежина што ја надвиснала Земјата.

Тој, како одважен лидер на ВМРО, најавува нова фабрика за, ништо помалку или повеќе- туку кабли, дами и господа, која ќе биде изградена во јуни, овој јуни, ова лето, оваа година, тогаш кога светот застана за момент.

Тогаш кога Тибет почна да размислува да се откажува од независност, следбениците на Харе Кришна од вратите на нервозните, небото да се одвои од земјата, а Госпа престана да рони крвави солзи во Меѓумурје.

За миг светот замолчи и размисли се да почне од почеток, тогаш кога Заев го доби мандатот од Ѓорѓе Иванов, кој дури и за дел од секунда застана и помисли дека ниедна Празијада не е толку безвредна за да не и се посвети до крај, додека не исчезне и последната нива густо насадена од овој благороден опивачки мирис.

Токму сега, во мигови кога Заев и лидерите на албанската коалиција преговараат за идната Влада, да, токму баш сега, Груевски најавува фабрики и нова Клиника, тој тоа го прави со отсечни војнички чекори, како да е реинкарниран во мексиканскиот генерал Антонио Лопез де Санта Ана, кој направил величествени, дури три погреби на својата сопствена нога, која ја изгуби во една од војните.

За овој генерал прочитав во обраќањето на Габриел Гарсија Маркес, тогаш кога ја добива Нобеловата награда за литература. Ми запна за око и ме сепна неговиот одрешен и горд став за влијанието и инволвирањето на странскиот фактор, на Европа, во демократизацијата на земјите на Латинска Америка.

Што вели Маркес: “Чесната Европа можеби ќе беше повнимателна ако се обидеше да не види низ сопственото минато. Само да се присетеа дека на Лондон му требаа 300 години да го изградат својот прв градски зид, па уште триста да го добијат својот прв бискуп, дека Рим дваесет века беше во мрак се додека етрурски крал не се усидри во историјата, дека денешната мирнодопска Швајцарија која не гости со своите благи сирења и апатични часовници, ја окрвави Европа како војниците на среќата, во 16 век”.

Навистина не можам да судам дали Маркес е во право или не за нивните земји, но едно знам. Во Македонија странскиот фактор виде нешто многу значајно: опозицијата, и не мислам само на партиската, туку на целата прогресивна сила во која дел е и модерната дијаспора, значи целата обединета опозиција одби граѓаните на оваа земја, народите, секој атом од нас, и најмалата и најневажна бубачка, ако воопшто има такви, одбивме сите да живееме и понатаму во мрачниот, среден век во кој бевме втурнати од Груевски и неговата послушна и еднакво сурова партиска војска.

Истите тие каплари на овој веќе мртов во политиката генерал, денес, после крвавиот четврток, како оној Владо Јовановски, дури и да беше талентиран актер тоа ништо не менува, и како оној оперскиот пејач Игор Дурловски кој не знае кој е, зошто е и како е, велат дека  носеле вода, веројатно прашувале газирана или обична, кога како дел од вооружената орда влегоа во Собранието, или имале потреба од тоалет и затоа се помешале со раздивената, разулавена маса, како оној Бетмен Велит, по професија твитерџија, чија писателска и интелектуална  имагинација дотаму завршува.

Ние немавме време повеќе, ги немаме оние нови црни векови низ кои поминала Европа, она време за кое говори Маркес кое мора да се даде на една земја за да осознае како мора повторно да се роди, откако ќе ја оплакува низ вековите својата постојана смрт.

Нам овие 11 години под Груевски ни беа најмрачното време кое го познава оваа земја и сами одлучивме да го продолжиме својот живот.

Ние имаме сосема друга поезија од онаа со која Маркес револтирано му се обраќа на цивилизирниот свет, но, таа е негова, нивна историја, тој најдобро може да знае каде згрешиле, но ние, ние сме сосема друго.  Ние не смеевме да дозволиме да и се случат уште 100 години самотија на оваа земја. И ние сторивме се тоа да не се повтори никогаш повеќе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.