Published: Sunday, May 3, 2026 19:10
Зоран Иванов
Секако дека турболенциите во политиката се амбиент и за внатрешните односи во политичките партии.
Ама ова што одвреме, навреме и што тука и таму се провлекува во јавноста, нешто преку медиумите, нешто како шпекулации по социјалните мрежи, а нешто и како партиски реакции, излегува дека во европска СДСМ ова не е игра на партиски авторитети за преземање на тронот партиски зашто оваа внатрешно партиска „битка“ наликува на видео игра на осмооделнци со ошптетени џоистици.
Мажите од СДСМ кои се против ова и вакво СДСМ, ако си го сакаат СДСМ како што се колнат, прво да си излезат од зад грмушката.
Тоа е примарно.
Да си се легитимираат јавно.
Да го сторат тоа онака маалски, „мушки“.
И кога веќе сметаат дека се во право, да си се одмрзнат и вербално и со аргументи прифатливи за широкото членство и за уште пошироката маса идеолошки поддржувачи, со своите уверливи факти да се произнеса јавно.
Вака, не толку одамн, слични СДСМ „алтернатвци“ прво ја изродија „Нова СДСМ”.
Си го устоличија тоталитаристот Груевски и тогашното ДПМНЕ на власт, си се усреќија некокумина оттаму и ја „усреќија”, уназадија и Македонија.
Тој нож в грб на нели, европскиот СДСМ, очигледно му беше малку па самиот СДСМ потоа си го изроди и ЗНАМ.
Си ги устоличи неколкумината свои исплакнати од социјалдемократска идеологија и си го попткрепија анти европското ДПМНЕ. Овојпат ова Мицковсковото.
Матрицата иста.
Некои партиски „верници“ си ја подкусуруваат својата, нели, европска СДСМ, за свои приватни, лични интереси, веројатно и џебови.
Само затоа.
И ЗНАМ сега, како и СДСМ „Нова” претходно, се впрегна во бизнис клубот на ДПМНЕ и толку.
Кој ќари, ќари.
А гласачите, а поддржувачите?
Хм, гласачите, хм, хм, поддржувачите …
И сега?
И сега некако идентично.
По ЗНАМ , „СДСМ алтернативци”.
Можеби се најискрени. Може со право се пројавија. Можеби ова актуиелно СДСМ раководство е во разно, разни бизнис спреги и можеби партијата им е само лост кон тие цели.
Ама, само можеби.
Затоа, сакајќи, несакајќи, прашањето е дали, како и претходните СДСМ фракции политички партии, ќе заседнат ли и овие најновиеве „алтернативци“, во скутот на ДПМНЕ или заедо со своите противници во ова актуелново СДСМ, ќе го урнисуваат антиевропското ДПМНЕ?
Одговорот си го знаат тие.
И е во деновиве пред нас.
Патем, партијата, како и секоја политичка партија, си има свои институции.
Има, веројатно, и свои партиски правила за внатрешно партиски битки за сите теми па и за партискиот трон.
Сеʼ друго, како ова во јавноста со СДСМ алтернативците во стилот „не`има, ама и не` нема”.
Само јалова меидумска битка на суети.
Само загубено време за „алтернативците” и за партијата што, впрочем, си е нивн интерна внатрешно партиска работа но …
Но, вашата битка од зад тарабите, е само загубено време не толку за вас колку за ЕУ Македнија.
А натаму како?
Хм, тоа вие си знаете.




