Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потисокот на историскиот развој не води во катастрофа

0
By Marija Todorovska on May 16, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И склоноста да се надеваме на чудо е глупава. Сонгаг се обидела да направи чудо и не успеала. Јас се обидувам да направам чудо и да ги убедам Македонците дека е добро да станат луѓе, но не ми оди.

Бранко Тричковски

Внатрешниот потисок на нашиот историски развој води во катастрофа.

Ова би требало да биде прва реченица во некое македонското евангелие.

Сопирањето на катастрофата е можно само со наша слободна одлука да и се спротивставиме на историската нужност.

Пишува Жижек работи што и јас сум ги пишувал мал милион пати.

Односот меѓу внатрешниот потисок кој води во катастрофа и одбивањето да и се спротивставиме на историската нужност, затоа што не ја разбираме, го дефинира односот на Македонија и вмро.

Тој, како што се гледа, не е политички, ниту политички може да се реши, бидејки вмро е потисокот кој нашиот историски развој го води во катастрофа. Уште повеќе: Вмро е катастрофата.

Таа не е нешто што допрва не чека, туку нешто што веќе се случува.

Не постои ништо надвор од нас што може во наше име да и се спротивстави на историската нужност. Ние сме вработени во судбината и предодредени сме да ја извршиме таа задача. Европската унија или САД се наши сојузници и вредносни ориентири, тие на некој начин се Големиот Друг на кого можеме да се потпреме, но немаат мандат, ниту моќ, а веројтно ниту интерес, да не спасат од катастрофата која веќе ја живееме. Закономерно. Тоа мора да биде јасно. Како викале во индијанското племе Хопи “Ние сме тие на кои сме чекале”.

Жижек, кој пишува за овие работи во малата книшка “Чудивишноста на Христос”, вели дека чекањето друг да ја заврши работата за нас е начин да ја рационализираме сопствената неактивност.

И склоноста да се надеваме на чудо е глупава. Сонгаг се обидела да направи чудо и не успеала. Јас се обидувам да направам чудо и да ги убедам Македонците дека е добро да станат луѓе, но не ми оди.

Не е Христос единствениот кој правел чуда, но ниту неговите чуда, ниту чудата на другите чудотворци, не можат да не огреат.

Три работи ме тревожат:

Прво, отсуството на свест за ситуацијата во која се наоѓаме. Тука доминира тогално погрешно станивиште кое на главните актери им овозможува да си ја играат играта во Македонија како кочанската шупа. Тоа е вистинската метафора за Македонија. Им се извинувам на настраданите и на нивните блиски во кочанската трагедија за поместувањето на таа драма во приказот на општонационалната трагедија. Се надевам дека ќе ме разберат.

Второ, отсуството на свест повлекува чудовишна комоција, тука елитите, политичките, но и економските, играат валцери во салонот на бродот што тоне. А таканаречените интелектуалци се некое жири кое ги оценува.

Лепота потонуќа!

Трето, неверојатната способност избегнувањето на соочувањето со вистината да се покрива со неверојатни иницијативи: да се спаси македонскиот род од поморот и холокаустот, системот да се ресетира, да се соберат десетина души од улуца и да се однесат во Шутка за да се смирела јавноста, идиотлукот на пратеничките прашања, Мицко не ги пушта Бугарите во Уставот па што сака нека биде, ко да е уставот негов…националниот мрсул кој уште малку ќе почне да се искачува по серпентините кон Крушево

Што да се каже?

Четврто, тоа ја продлабочува катастрофата на тековно ниво и ги зголемува нејзините развојни можности како спирала која се извишува и сите не одлепува од земјата како глуварчиња на ветер.

Единствен начин навистина да бидеме луѓе е да ја надминеме обичната човечност, движејки се кон димензијата на нечовечноста

Ова е Бадју.

Го разбира ли некој во Македонија Бадју?

Да имаме нешто што е над забавата со дневните појавности: Цените, Таравари, Мицко, Гога, па повторно Мицко, златните визи на Филипче, избори, владата, пратениците на ѓаволот кај Зеленото пазарче…

Над преживувањето како елементарност.

Како цел самата за себе.

А не како резултат на некакви остварувања, како резултат на пумпањето со смисла, на спречување на развојот на катастрофата, а потоа и на самата катастрофа.

Македонија може да не ја биде и без вмро. Но, со вмро ние сме потпишале согласност за евтаназија.

Еден ден Сонтаг расмислувала за смртта и заклучила дека нејзините размислувања се истивремено премногу апстрактни и премногу конкретни.

Премногу пстрактни: смртта.

Премногу конкрени: таа.

Во Македонија ние сме конкретни, а смртта не е толку апстрактна.

Воопшто не е!

Јас сум непедантен човек, но успеав да се присилам да водам евиденција на сите убијци на оваа убава земја и на овој народ кој во меѓувреме беше дрогиран со кока од Пирин планина што ја садат четите на вмро за да може да си го расече стомакот, да ја извади утробата и да им ја фрли на кучињата.

Се што ќе оставиме зад себе ќе биде списокот на убијците.

Тоа ме стимулира.

Мораме да бидеме побрзи од убијците.

Побргу да го повлечеме револверот.

Ко Клинт Иствуд.

Од Фејсбук ѕидот на авторот 

Бранко Тричковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.