Граѓанската асоцијација МОСТ, во рамките на проектот “Медиа платформа за застапување”, го објави повикот за доделување грантови за спроведување на заеднички кампањи на граѓански организации и новинари.
Повикот е отворен за граѓански организации и новинари/медиуми кои работат во Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот плански регион.
Целта на повикот е да ги поттикне граѓанските организации и новинарите да работат заеднички на развој и спроведување на кампањи за застапување кои таргетираат прашања важни за локалните заедници, а се исто така и од важност за пристапувањето кон ЕУ.
Сите информации во врска со повикот се објавени на овој линк

