„Комсомолскаја правда“, московски таблоид близок до Кремљ, повикувајќи се на податоци на Министерството за одбрана, попладнево објави дека во инвазијата на Украина загинале 9.861 војник, додека повредени се 16.153, но таква информација вечерва е тргната од интернет страницата.
Таблоидот сега тврди дека неговите интернет страници се хакирани и „неточните информации“ се отстранети.
Официјален Киев, пак, тврди дека досега се убиени над 15.000 руски војници. Русија официјално објави дека за време на инвазијата на Украина досега загубила 498 војници.