Во Делчево во тек e акција за гаснење на пожар во семеен дом на улица „Голачка“. Во моментот на терен се две возила со десетина пожарникари кои учествуваат во гаснење на пожарот.
Пожарникарот Миле Тодоровски информираше дека дојавата е примена нешто по 16 часот и притоа е побарано од ЕВН да биде исклучен доводот на електрична енергија.
Во моментот се гасне вториот кат од куќата, откако огнот на долниот дел од куќата е локализиран. Како што додаваат од ТППЕ Делчево, се прават напори пожарот да не се прошири на околните куќи во населбата Први реон во Делчево.
Воедно од ТППЕ Делчево информираа дека во тек е интервенција на пожар и во село Очипала.