Пожар избувна во складиште за муниција во руската област Белгород, објави гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков на Телеграм, пренесува Радио Свобода.
„Се запали складиште за муниција во близина на селото Тимоново во областа Валујски. Според последните податоци, нема жртви. Началникот на округот ги евакуираше жителите на селата Тимоново и Солоти на безбедно растојание“, напиша тој во објава на Телеграм.
Причината за пожарот се истражува.
Локалните Телеграм канали објавуваат видеа од пожарот. Радио Свобода не може да ја потврди автентичноста на објавеното видео.
Извор: civilmedia.mk