Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците гласаа за заостанатите точки од 30-та и 34-та седница

0
By НОВА ТВ on May 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците денеска во рамки на продолжението на 30-тата седница изгласаа дваесетина закони за коишто расправата беше завршена претходно, а потоа продолжија со изјаснување за закони од 34-та седница. На 30-та седница не се изгласани само два закони и тоа Предлог на закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, по скратена постапка и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, во прво читање.

Во рамки на 30-та седница донесени се измените на Законот за употреба на знаковниот јазик, измените и дополнувањат на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување,на Законот за заштита од вознемирување на работно место, измени на Законот за практиканство, измени и дополнувања на Законот за волонтерството, на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, измени на Законот за вработување на инвалидни лица, измени и дополнувања на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, сите по скратена постапка, како и Предлог на закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија и Предлог на закон за дополнување на Законот за трговија, по скратена постапка. Исто така на оваа седница се и измени и дополнувања на Законот за аудиовизуелните добра, на Законот за музеите, на Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата и на Законот за издавачката дејност, сите по скратена постапка.

Собранието продолжи со гласање по точките од дневен ред на 34-та седница на која на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за прекршоците, на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, сите во прво читање, финансиските планови на МРТ, автентични толкувања и други.

Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу страните на Северноатлантскиот Договор за безбедност на информации, како и повеќе други точки се на дневен ред на 39. седница.

На оваа седница на дневен ред се и одлуки за именување член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, за распишување јавен оглас за избор на здруженија од областа на човековите права, полициското право и правосудството, за објавување јавен конкурс за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија, за јавен оглас за именување на член на Државната комисија за жалби по јавни набавки, јавен оглас за именување член на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, јавен оглас за избор на членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво, јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и за објавување јавен оглас за назначување на претседател и членови на Советот за граѓански надзор.

Пратениците на оваа седница треба да се изјаснат и за Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта, по скратена постапка, како и за Предлог на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Финансискиот договор КОВИД-19 одговор на Северна Македонија – Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, наменет за финансирање на мали и средни претпријатија и средно пазарно капитализирани претпријатија, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Корона вирусот COVID -19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија, двата по скратена постапка. На дневен ред се и други закони.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

ВЕСТИ October 7, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со…

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.