Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Правда за штедачи“ бара разрешување на министерот Бесими

0
By НОВА ТВ on May 11, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: kapital.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи” на 7 мај до премиерот поднело барање за разрешување на министерот за финансии Фатмир Бесими.

– Барањето за разрешување на министерот е поднесено по повод постапката пред Уставен суд за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, конкретно поради: пречекорување на надлежностите и овластувањата на министерот Бесими и Министерството за финансии, загрозување на темелните вредности на уставниот поредок преку непочитување на владеењето на правото и поделбата на власта на извршна, законодавна и судска, неовластено и недозволено мешање во работата на судската власт и загрозување на нејзината самостојност и независност, манифестација на очигледна непослушност кон Премиерот, што се граничи со несериозност и неодговорност во вршењето на функцијата, но и со загрозување на работата на Владата како колективно тело, со своја хиерархиска поставеност, наведуваат од Здружението.

Според нив, во текот на постапката пред Уставниот суд, Министерството за финансии и министерот Бесими, извршиле отворен притисок врз Уставниот суд и мешање во неговите надлежности.

– Тоа се случи во доцните вечерни часови на 20 април кога на порталот 360stepeni.mk беше лиферувана порака до Уставниот суд лично од министерот, во која им порача на уставните судии дека „утре решавате за стабилноста на целиот финансиски систем”. По кратко време, некој од Министерството веројатно увидел дека бил направен опасен преседан на притисок врз уставните судии, па беше направена корекција, дека, всушност, „Финансии го бранат статусот на фондот за осигурување на депозити”, што во суштина не го менува фактот дека Министерството за финансии, на јавна сцена, отворено и без скрупули, изврши притисок врз Уставниот суд да одлучи негативно по поднесената иницијатива за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, велат од Здружението.

Потенцираат дека министерот Бесими треба да поднесе неотповиклива оставка од функцијата.

– Здружението „Правда за штедачи“ очекуваше дека Министерот Бесими ќе има доблест сам да поднесе оставка, но кога ниту после една седмица тоа не го стори, на 26 април Здружението поднесе барање за оставка на министерот Бесими до Министерството за финансии. Сепак, оставките во нашата држава изгледа дека се „мисловна именка”, додека чувството за самоодговорност e „успешно оперирано”. Затоа, веќе дваесетина дена министерот за финансии Бесими, не само што нема доблест да поднесе оставка, туку напротив, неговото влијание преку претседателот на Уставниот суд, за процедурално одолговлекување на постапката, е уште поочигледно, посочуваат од Здружението.

Додаваат дека министерот не одговорил ниту на барањето од премиерот да одржи состанок со претставниците на Здружението „Правда за штедачи“.

– Како министерот за финансии Бесими мисли да ги решава проблемите, ако не со дијалог? Дали смета дека е недопирлив, па може да врши притисоци, недозволени влијанија и да манифестира непослушност кон премиерот без последици? Зарем тоа е евроскиот пат? Затоа, токму поради европската иднина на граѓаните и државата, очекуваме министерот за финансии Фатмир Бесими да биде разрешен од функцијата, кога веќе нема доблест сам да си поднесе оставка, се вели во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.