НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Правдата во Македонија е достапна само за богатите

0
By Борјан Јовановски on May 15, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дека судството во Македонија не е како што треба, банално е да се пишува, особено во делот на неговата политизираност и неефикасност. Она што особено загрижува е што и кога има некакво судство, од кое може да се надевате на правда, пристапот до неа е речиси невозможен, особено ако сте граѓанин со лимитирани финансиски можности, какво што е огромного мнозиство кое живее во оваа држава. Овојпат сакам да зборувам за мојот личен пример и моте обиди да стигнам до правдата.

„Куририте“ на Груевски и слични на нив, често пишувале за мене разни глупости кои немале никаква врска со реалноста и јас често сум ги игнорирал, ако ништо друго, поради немањето време за трошење по судските ходници, а како што ќе прочитате подолу и поради немање финансиски средства. Едноставно сум игнорирал, прифаќајќи дури и тоа дека кога сум влегол во „орото“ на јавна личност, ќе мора да се воздржанм од реакции за постапките на разно – разни будали.

Сепак, има ситуации кога едноставно не можете да игнорирате. Еден таков е Миленко Неделковски, кој за мене и за моето семејтво изнакажа се и се сешто во негов примитивен стил, кој во оваа прилика не заслужува никакво внимание. Игнорирав се, до некои подносливи граници.

Решив да тужам. Процесот го отпочнав некаде во 2014 година. Тужениот прво, не се огласуваше на ниту една од поканите кои му беа доставувани, за да на крај, по една година, судот одлучи да му назначи старател кој ќе го застапува ова лице пред судот во име на одбрана по мојата тужба за него.

Рочиштата отпочнаа во 2015 година. Старателот кој му го назначи судот на лицето Неделковски требало да биде платен од мене. Рочиштата се влечеа една и пол година. Јас како задолжен за трошоците требаше да платам преку 30.000 денари за старателот на Миленко, но и за другите трошоци кои ги подразбираше мојот обид да стигнам до правдата.

Немав доволно пари. Не платив и многу брзо ми стигна извршител кој сумата од 30.000 ми ја  одзеде од сметка со сите доиполнителни тошопци за извршителот.

На 28.11.2016 конечно ја добив пресудата. Очекувано, Миленко беше прогласен за виновен бидејжи неговиот старател платен од мене, немаше буквално ниту еден аргумет во одбрана на простаклукот изречен јавно од Неделковски.

Помислив, ете ја правдата. Судот го казни Миленко со парична казна од 40.000 денари како некаква сатисфакција за мене како ошттен. Дополнително Миленко беше задолжен од судот да ги плати и сите останати трошоци направени за време на судскиот процес.

Полека истекува еве и оваа 2018 година, а јас немам никаков ефект, освен морална сатисфакција за тоа дека Миленко лаже, што и не е некоја вест. Сепак, треба барем да си ги повратам вложените средства. Ме упатија на извршител. Извршителот вели дека ќе постапи само откако на негова сметка ќе бидат уплатени пари. Ете ми нов трошок од стотина евра. Уплатив.

Од 2016 до сега, извршителот само констаира дека лицето Миленко Неделковски нема никаков имот од кој може да му се наплати, иако истото лице редовно објавува некакви свои емисии и блогови, кои чинат пари за продукција, а веројатно му носат и некаква заработувачка. Станува збор за јавна личност и сите можат да видат дека тој човек не е социјален случај кој живее на улица. Плаќа некоја екипа да му снима , се фали со некои кози и производство на што да е од тие кози.

Патем дознав дека има возила на негово име. Државата и извршителот кои уредно и ефикасно ми ги наплатија сите трошоци за мојот обид да стигнам до правда, не мрднаа од констатацијата дека Миленко нема трансакциска сметка.

Веќе сум инвестирал 600 евра кои има се помалку шанси да си ги повратам, а уште помалку да се надевам дека оние 40 .000 кои Миленко треба да ми ги исплати, ќе стигнат до мене како сатисфакција за претрпената штета.

Во меѓувреме, започнав и друг процес против лицето Ивона Талевска и нејзиниот весник „Вечер“. И тоа еве го трае и трае и тука во овој процес веќе сум 100 евра во „минус“. За среќа, адвокатот ми е пријател, па не ми ги наплатува адвокатските трошоци кои се веќе преку 1.000 евра за двата случаја кои инаку не би можел финансиски да ги издржам.

Како и да е, еве ме, жив сум, пишувам. Имам некоја привилегија да располагам со некакви пристојни финансии, а и пријатели како мојот адвокат Тале Арсов. И сето ова го напишав, не затоа што се надевам дека ќе ми помогне да излезам од лавиринтот, туку само за да поставам едно прашање до кој било надлежен кој чувствува барем малку грижа на совест за ваквите состојби: КАКО СЕ СТИГНУВА ДО ПРАВДАТА, АКО ИМАТЕ ЕДВАЈ ПРОСЕЧНА ПЛАТА И НЕМАТЕ ПРИЈАТЕЛ АДВОКАТ?

Дури и никој да не ми одговори, јас ќе бидам среќен ако барем кај некој надлежен за оваа дискриминација на социјално послабите, кои се за жал во огромно мнозинство, разбудам атом на грижа на совест.

П.С.

Пишував за мене. Во наредната прилика ќе го барам овој одговор во името на земјоделците од Преспа на кои извесен бизнисмен, кој по Скопје се вози во луксузни коли, им должи 1.000.000 евра. Земјоделците ја имаат пресудата во нивна корист но не и правдата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

ВЕСТИ August 8, 2025

Германија го суспендира „до понатамошно известување“ извозот на воена опрема во Израел што би можела…

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.