Published: Wednesday, January 7, 2026 10:29
Православните христијани во Македонија денеска го одбележуваат Рождеството Христово – Божик, еден од најголемите христијански празници. Уште од раните утрински часови, верниците ги исполнија храмовите низ државата.
Централната божикна литургија се одржува во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, со која чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение со свештенослужители на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
По завршувањето на шестнеделниот пост, верниците денеска се причестуваат и го прославуваат празникот во семејна атмосфера, разменувајќи го традиционалниот божикен поздрав: „Христос се роди – Навистина се роди!“.




