Ирена Цветковиќ: Падот на СДСМ и разнишувањето на оската сдсм-вмро е погубно и за самата ДПМНЕ. Можноста од колапс на старата бипартиска логика го лишува ВМРО од можноста да организира политички конфликт во предвидлива структура.
Без кредибилен СДСМ, легитимитетот на ВМРО почнува да слабее зашто го губи огледалото преку кое се дефинира себеси како „гласот на народот“ и „чувар на традицијата“. Оската вмро-сдсм, иако несовршена, имаше функционалност особено за двете партии. Таа оска ги држеше гласачите во илузија дека можат суштински да изразат незадоволство и да изберат вистински лидер.
Во ваква ситуација, онаа празнина, отелотворена во разочарано и апатично мнозинство, станува терен што треба да се пополни. Ова пополнување може да се случи, или со популизам, или со јасна идеолошка антагонизација кон политиките на десницата. Засега ВМРО и Левица сѐ уште јасно не се идеолошки опозити.
Текстот е сопственост на Призма.мк
