Белград: Пожар избувна претпладнево пред српскиот Парламент во Белград каде се поставени шатори. Пожарникарите го гаснат со три возила. Засега не се знае причината за пожарот во шаторите кои ги поставија студенти кои се спротиставуваат на блокадите.
На пожарот како што е објавено на социјални мрежи му претходат истрели од еден од шаторите, но засега не се знае дали се истрели од огненои оружје.
Веднаш реагираше полицијата по што е приведено едно лице.