Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предан: Има можност за одлука во декември која би можело да се формализира во јануари доколку Бугарија состави влада

0
By Ivana on December 2, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ние сме се уште оптимисти за старт на преговорите на Северна Македонија. Има можност за одлука во декември која би можело да се формализира во јануари, само доколку Бугарија состави влада, вели  словенечкиот амбасадор во државава Милан Предан.

-Ние како претседателство го делиме мислењето со мнозинството земји во ЕУ дека не треба да има раздвојување меѓу Северна Македонија и Албанија бидејќи тоа ќе биде лоша порака за регионот. Ние сме се уште оптимисти и мора да признаеме дека се уште нема влада во Бугарија, но и јасно парламентарно мнозинство тука. За да се дојде до решение треба двете земји да се поактивни. Се надевам дека Скопје и Софија ќе може да дојдат до компромис по билатералните прашања. Во следните денови ќе има нов дијалог помеѓу експертските групи. Има можност за одлука во декември која би можело да се формализира во јануари, само доколку Бугарија состави влада, вели Предин во рамки на панел-дискусијата на Универзитетот Американ Колеџ Скопје на тема „Иднината на Европа – еден поглед од земја-кандидат за членство во ЕУ“.

Единствена мерка за успех, како што вели Предан, ќе биде ако Северна Македонија до крајот на словенечкото претседателство ги почне преговорите за членство во ЕУ.

-Ние сторивме се што можеме. Силно верувам дека ќе ги започнете преговорите, ако не во декември, за многу брзо време, нагласува словенечкиот амбасадор.

На панел дискусијата на која покрај словенечкиот учествуваа и амбасадорите од земјите од Вишеградската четворка, унгарскиот амбасадор Ласло Дукс го истакна унгарското гледање дека ЕУ е силна ако нејзините земји члкенки се силни, а во тој контекст Унгарија смета и дека проширувањето е една од најважните политики на ЕУ.

-Ние посакуваме целосно членство на Северна Македонија во ЕУ и сметаме дека е тоа веќе задоцнето бидејќи Македонија меѓу првите од регионот го започна процесот, но се уште не почнала пристапни преговори. Ставот на Унгарија е дека ЕУ има повеќе бенефит од проширувањето отколку земјите кои и пристапуваат на Унијата и затоа се залагаме оваа агенда да остане високо во приторетите на ЕУ. ЕУ им вети на земјите од регионот дека ако ги исполнат критериумите за члнество треба да станат нејзини членки, и важно е за кредибилитетот на ЕУ да го исполни ова ветување. Тоа се однесува и на земјава, рече амбасадорот Ласло.

Амбасадорот Мирослав Томан истакна дека Чешката Република, која треба да го преземе претседавањето со ЕУ во втората половина од наредната година, веќе ги дефинира своите приоритети, а меѓу нив е и проширувањето. За Чешка, ЕУ без земјите од ЗБ е нецелосна и е, вели, многу гласна на сите совети на ЕУ во однос на започнување на преговорите за членство на Северна Македонија.

-Ние го преземеме претседателството во јули, би сакал да се фокусираме на други работи отколку на одржување на првата меѓувладина конференција бидејќи сакаме таа да се случи што е можно порано, порача Томан.

Словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш, нагласува дека не треба да се зборува за проширување на ЕУ туку за интеграција на земјите од Западен Балкан и како тоа ефективно да се направи. Тој меѓу другото се осврна на визијата на Макрон за реформа на Унијата и барањето за нова методологија од пред две години со што технички го попречи отворањето на преговори со Северна Македонија и Албанија.

-Допрва треба да видиме дали новата методологија ќе биде ефективен инструмент, но ние веруваме дека во октовмри 2019 година требаше да биде донесена одлука за отворање на преговорите, а новата метологија да се применува паралелно. Тоа беше голема грешка и денес ги гледиме многу лошите последици од тоа, вели Томан со порака дека и Скопје и Тирана треба да ги забрзаат реформите и да се посветат на имплементација на законите.

Амбасадорот Војциех Тицињски исто така ја истакна силната поддршка на Полска за проширувањето на ЕУ, што додаде дека се темели на геополитичкиот пристап и на сфаќањето дека регионот е клучен за иднината на Европа.  – Северна Македонија треба да стане членка на ЕУ без какви било дополнителни услови, вели тој.

Амбасадорите од Вишеградската група – Чешка, Унгарија, Полска и Словачка, како и амбасадорот на Словенија, како земја актуелен претседавач со Европската унија, акредитирани во Република Северна Македонија  денеска учествуваа на панел-дискусија на УАКС на тема „Иднината на Европа – еден поглед од земја-кандидат за членство во ЕУ“. Организирана е од страна на унгарското претседателство на Вишеградската група и УАКС со цел, како што се посочува, да се истакне важноста на процесот на проширување и да се вклучат граѓаните од земјите на Западен Балкан, посебно младите, во процесот на креирање на иднината на Европа

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.