Ерол Ризаов: Предизборните ветувања одамна ги слушам и читам како забава, или што би рекле Србите како „обечање, лудом радовање“, или по нашки ветувањата се радост за будалите. Во новинарството, кога тоа беше професија, ветувањата на политичарите во изборните кампањи во првите години на независноста беа многу поинтересни на крајот на нивните мандати, кога ревносно пребројувавме што од тоа што ветиле оствариле, за да дојдат на власт, а што не. Мислам дека тоа во еден период пресудно влијаше на изборните резултати кога власта се менуваше на секои четири години. Тоа беше главната причина повеќе да се гласа „против“ отколку „за“. Линк
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.