НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преговори за членство во ЕУ ќе нема ако за нив оставиме да одлучува национализмот

0
By Борјан Јовановски on May 3, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зелено светло за старт на преговори за членство во ЕУ ќе има. Прашање е на време. Има голема веројатност тоа да се случи во јуни или најдоцна во септември, се разбира доколку на престојните европски избори не дојде до радикални промени во структурата на Европскиот парлемент.

Според последните прогнози, екстремната десница и популистичките политички партии се очекува да бидат побројни на сметка на традиционалните проевропски политички структури, но сепак малку е веројатно дека екстремната десница и анти европските партии ќе имаат мнозинство кое ќе им овозможи да го диктираат составот на новата Европска комисија, која ќе се формира по изборите, закажани за мај.

Актуелниот политички пејсаж во клучните тела на ЕУ нема дилеми околу тоа дека Северна Македонија треба да започне преговори за членство и тоа не заради нас, туку заради самата ЕУ, која, ако не го валоризира Преспанскиот договор кој сега и служи како пример за сите, тогаш во прашање ја доведува, во моментов, најуспешната европска приказна во историјата на ЕУ каква што е процесот на проширувањето.

Овој веројатно единствен силен и ефикасен механизам на ЕУ го трансформираше целиот исток на европскиот континент од зарибан „москвиќ“ во модерен модел на „шкода“, кој донесе бенефиции колку на истокот, толку и на западот и старите членки на ЕУ. Ова му е јасно и на Макрон и на неговата дипломатија на која тој самиот и даде задача да ја зајакна зашеметената европска конструкција.

Франција, исто како и Холандија, многу добро знаат дека ако Преспанскиот договор не се институционализира во европските механизми, тогаш Балканот, но и цела Европа која го опкружува, влегуваат во еден нов вртлог за кој никој не може да предвиди во колку длабоки води ќе не однесе сите.

Од друга страна, Макрон и неговата влада исто како и добар дел од другите земји членки на ЕУ, имаат сериозни проблеми со налетот на екстремната десница и популизмот базирани на ксенофобија, национализам и други примитивни облици на политичка артикулација, кои на овој континент му донесоа или подобро речено, однесоа милиони човечки животи.

Точно е дека процесот на проширувањето на ЕУ не е популарна тема. Напротив, таа е исклучително чувствителна и нејзиното отворање во пресрет на изборите за Европскиот парламент може да им даде ветер во едрата на екстремните анти ЕУ политички структури. Тоа е ситуација која воопшто не и одговара на Македонија како и на целиот регион. Затоа, сосема очекувана е оваа воздржаност на Берлин и Париз, манифестирана на самитот ЕУ – Западен Балкан. Темата за проширувањето на ЕУ кон Балканот може да биде отворена само по европските избори во втората половина на мај.

Во меѓувреме, ако сакаме вистинско партнерство со ЕУ кое ќе не однесе и до членство во Унија каква што сакаме и ние, ќе треба да поработиме на проблемот со популизмот и балканските националистички концепти, за жал се уште живи и витални насекаде во регионот.

Форма на таква конзервативна политичка артикулација е отелотворена во ликот и делото на кандидатот на опозицијата професорката Гордана Сиљановска Давкова која отворено се залага за враќање назад во некоја неизвесност и минато во кое и било можеби убаво неа и на нејзините блиски.

Затоа, без многу мудрување за тоа каква е ЕУ. Време е ние, заедно со ЕУ да по работиме на заедничкиот проблем каков што е популизмот и национализмот кои го контаминираат политичкиот пејсаж на целиот континент, спречувајќи го 50 годишниот континуитет на развој на ЕУ, а потоа да седнеме на заедничка маса на која и ние со полн легитимитет би дискутирале каква Европа сакаме во иднина.

Се разбира, при тоа, не смее да се заборави на неефикасноста, инертноста и ароганцијата на оваа, како и на владите во земјите членки на ЕУ кои индиректно со таквото однесување  го ставија континетот во нова опасност, овозможувајќи простор за враќање на опасните „изми“  кои со крв  испишаа стотици страници историја.

Инаку, преговори за членство може да нема, но само ако за тоа оставиме да одлучуваат националистите, колку кај нас, толку и во Европа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

ВЕСТИ August 8, 2025

Глобалната консултантска фирма од САД, Бостон Консалтин Груп, разгледува планови за преселување на околу 25%…

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.