Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерно овој викенд: Документарниот филм „Леле луѓе што направивме, радувај се Македонијо“

0
By Ivana on November 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пласманот на кошаркарската репрезентација во полуфиналето на Европското првенство во Литванија се овековечи со документарниот филм „Леле луѓе што направивме, радувај се Македонијо“ кој денеска го промовираше Олимпискиот комитет на Северна Македонија, Кошаркарската федерација на Северна Македонија (КФСМ) и продукцијата „ТриСтар“.

На денешната прес-конференција по повод промоција на филмот, Сотир Сотировски од продукцијата „ТриСтар“, информираше дека документарниот филм е изработен во две продолженија, а на него работела една, како што кажа, „млада, мотивирана, искусна екипа.

– Идејата за филмот доаѓа од уредникот на порталот за кошарка „Кош.мк“, Љубомир Ошавковски и останатата екипа, а со несебична поддршка на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, Kошаркарската федрација, како и други спонзори кои ја препознаа идејата, креиравме едно дело кое треба да остане запаметено и да го презентира огромниот национален успех и радост која што се случи во 2011 година, рече Сотировски.

Претседателот на Олимпискиот комитет, Даниел Димевски, изрази огромна благодарност за иницијаторите и реализаторите, на, како што рече „овој фантастичен проект“, како и на можноста да придонесе кон истиот.

– Тоа беше почеток на нова ера на македонскиот спорт, која нè ослободи сите, ни го даде она што ни беше неопходно да се почувствуваме дека сме и ние достојни за врвни спортски резултати. Мислам дека оттогаш навака, спортска Македонија е различна, многу посамоуверена. Впрочем, после тоа дојдоа и сите поголеми успеси и на репрезентативен, и на клубски, и дај боже сега и на олимписки план, кажа Димевски.

Своевремениот селектор на репрезентацијата, Марин Докузовски, истакна дека ова е еден прекрасен филм кој што ќе нè потсети на сето она што се случуваше тогаш.

– Драго ми е, многу сум среќен што е направен овој документарец и што тука има ситуации кои што обичните луѓе не можеа да ги видат на малите екрани. Имаше некои интересни моменти од нашите подготовки, од нашите тренинзи и од натпреварите, што мислам дека ќе направи да биде уште поинтересно гледањето на овој филм, рече Докузовски.

Тодор Гечевски, кој своевремено беше дел од репрезентативниот тим на Македонија изрази благодарност за реализацијата на оваа идеја и посочи дека смета дека со овој документарец младите ќе можат да видат дека и ние можеме да бидеме квалитетни и да имаме врвни резултати.

– Ова треба да остане засекогаш и да ги мотивира следните генерации да направат поголем успех од она што го имаме ние направено, заклучи Гечевски.

Документарниот филм „Леле луѓе што направивме, радувај се Македонијо“  ќе биде промовиран викендов, 13-ти и 14-ти ноември, на Телевизија 24 од 20:45 часот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.