Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска е во еднодневна работна посета на Белгија и Европската Унија (ЕУ).
Ковачевски во Брисел ќе оствари средба со премиерот на Белгија, Александар де Кро. Работната посета на Ковачевски ќе продолжи со средба со потпретседателот на Европската Комисија (ЕК) и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел, по што ќе следува и состанок со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина и други регионални прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.
Премиерот Ковачевски еднодневната посета на Брисел ќе ја заврши со средба на лидерите од земјите од Западен Балкан и со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел.