Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерот Ковачевски: Владините институции мора да ги намалат непродуктивните трошоци

0
By НОВА ТВ Balaban on March 10, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во интервју за ТВ 24 Вести, истакна дека стратегијата за надминување на сериозната глобална економска криза, дополнително влошена и со војната во Украина е преточена во 26-те мерки и препораки, што ги донесе Владата, и кои се целосно насочена кон користење на сите ресурси во поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза.

„Со овој пакет активни мерки, вреден 400 милиони евра, спречуваме сериозен ценовен шок, и на основните прехранбени производи и на енергенсите“, рече за ТВ 24 Вести премиерот Ковачевски, и нагласи дека Владата одговорно пријде кон решавањето на овие проблеми и во ефикасна комуникација меѓу владините ресори се донесоа сите одлуки.

Како што ветивме, така и направивме, истакна Ковачевски, и ја зголемивме минималната плата, и постигнавме историско зголемување на пензиите.

„Со промената на методологијата сега имаме зголемување на пензиите кое ќе се врши 2 пати годишно, со вклучување 50% на трошоците на живот, и 50% со пораст на просечната плата, и тоа ќе биде трајно решение без никакви временски ограничувања, бидејќи е дел од законско решение поднесено во Собранието. Со интервентна мерка со три пати по 1.000 денари финансиска помош им излегуваме во пресрет на пензионерите како најизложени на енергетската криза“, рече премиерот Ковачевски.

Тој дополни дека една од препораките до министерствата и до институциите во државата е на максимално ниво да ги рационализираат трошоците.

„Тоа значи дека сѐ она што не е неопходно во услови на криза воопшто да не се набавува или да не се троши. Тоа не се однесува само на користење службени возила, туку и на трошење на репрезентација, на службени патувања и друго. Министерствата треба да дојдат со план за намалување на трошоците во своите ресори“, потенцираше премиерот Ковачевски во интервјуто за ТВ 24 Вести.

Владините институции да ги намалат Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.