Македонската организација „Проектниот простор Прес ту егзит“ организира неформална средба и дускусија насловена „Средства за уметничка демократија, фондови и други алатки“, денеска, во Местре, Венеција во соработка со институцијата Форте Маргера (Forte Marghera).
Во Местре ќе бидат присутни Јане Чаловски, Христина Иваноска и Ивана Васева а покрај нив дел од дискусијата и средбата ќе бидат: Andrea Bonifacio, менаџер на Forte Marghera, Gianluca D’inca Levis, куратор, Белуни, Daniele Goldoni, филозоф, Венеција, Vincent Huang, уметник од Тувалу павиљонот, Uve Muellrich, уметник, Берлин, Francesco Palumbo, од Апуља регионот, Stefanie Seidl, галерист, Берлин и други.
Проектниот простор ПРЕС ТУ ЕГЗИТ е посветен на превземање критичко испитување и оценување на прашања кои се покренати од современи уметници, куратори, архитекти и теоретичари во релација со современата социо-политичка рамка каде се јавуваат нивните проекти. Проектниот простор ПРЕС ТУ ЕГЗИТ е дел од многу интернационални мрежи и форуми кои се клучни во помагањето на развојот на практиката интернационално и со позначителна општествена последица.