Москва упати барање до Вашингтон за САД да престанат со снабдување со оружје за Киев.
„Осумстотини милиони долари оружје за толкава вредност ќе биде испратено во Киев од Вашингтон. Тоа е огромна сума и тоа не придонесува за никакво решение“, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.
„Нагласивме дека е неприфатливо САД да испорачува оружје на Украина и побаравме да се запре со таквите практики“, рече тој.
Антонов оцени дека целта на САД е „да ја спречат Русија да застане цврсто на нозе и да се слушне гласот на Русија“.