НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот ќе може да помилува само за казна, не и за кривично гонење на поименично определени лица

0
By Sashko on August 16, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Tекстот на новиот закон за помилување е во завршна фаза во Министерството за правда и, според најавите, во најскоро време ќе биде подготвена драфт – верзија. Најзначајната измена што се предвидува е дека Претседателот ќе може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица.

Од Министерството за правда велат дека причините за донесување на нов закон за помилување произлегуваат, пред сè, од недостатоците и правните празнини во постојниот Закон за помилување („Службен весник на РМ” бр. 20/93, 12/09 и 99/16), од аспект на неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања, регулирани со законот и од посоодветно легислативно уредување на материјата.

Освен тоа, велат од Министерството, заради неопходноста од итност на постапката, со законот се предвидуваат рокови за постапување на учесниците во постапката за помилување, а извршено е, исто така, и терминолошко усогласување на одделни називи и поими.

„Со предлог законот се уредуваат поимот и видовите на помилување, дејството на помилување, лицата овластени за поднесување молба за помилување, како и постапката и актите на надлежните органи во врска со помилувањето. Една од најзначајните измени е дека Претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Втората позначајна новина предвидена во Предлогот на законот е формирање на Комисија во рамки на Министерството за правда која подготвува писмено образложено мислење за молбата и заедно со извештајот за молбата ги доставува до Претседателот. Со ова решение се очекува да се надминат досегашните можни ризици поврзани со дискрециските права на министерот за правда“, посочуваат од Министерството за правда.

Мошне значајни се, како што посочуваат, и решенијата со кои е детално разработена постапката за помилување.

„Во таа насока, предвидени се кратки рокови за секоја од институциите кои се вклучени во постапката за помилување. Притоа, клучни се и одредбите за прекршочна одговорност на лицата кои постапуваат по предметите“, информираат од Министерството за правда.

Помилувањето како институт е еден од основните уставни надлежности на Претседателот на Република Северна Македонија, утврдени со член 84 од Уставот на Република Северна Македонија. Помилувањето е содржано и во членот 114 од Кривичниот законик со кој се уредуваат материјално-правните прашања на помилувањето. Правната рамка која детално ја уредува оваа материја е првпат воспоставена во 1993 година и досега е изменета и дополнета двапати – во 2009 и 2016 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.