Курбан бајрам е празник на солидарноста и негувањето на добрите навики на милосрдието, дарежливоста и човечноста кон ранливите кои имаат насушна потреба од поткрепа. Важноста на празникот најмногу доаѓа до израз токму во периоди на економски предизвици со кои се соочува нашата држава и поголемиот дел од светот. Истовремено, Курбан бајрам е нераздвоен дел од вековниот соживот во македонското мултирелигиско и мултиетничко општество. Празничните денови се можност за продлабочување на взаемното почитување преку запознавање со традициите на различните од нас, се наведува во честитката на претседателот Стево Пендаровски по повод Курбан Бајрам.
Уверен сум дека солидарноста кон ранливите и соживотот на различните во овие празнични денови, но и преку целата година, ќе ни помогнат сплотени да ги надминуваме предизвиците со кои се соочуваме на личен и колективен план. Во духот на таа сплотеност, да ја градиме Република Северна Македонија како наш единствен заеднички дом, се наведува во честитката.