Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот Пендаровски се обрати на 20.состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави

0
By Ivana on September 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски во Њујорк учествуваше на 20.состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави, што се одржа на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации. Претседателот се обрати на тема: Што значат мирот и стабилноста во 21. век? во рамки на сесијата: Специјално обраќање: Мир и стабилност: Иднината на Западен Балкан.

На почетокот од своето обраќање, претседателот говореше за искуствата на земјите од регионот на Западен Балкан по падот на комунизмот, констатирајќи дека заради низа објективни причини, како што беа конфликтите во поранешна Југославија, економската девастација, бројните отворени прашања, ниту една земја од регионот не може да се вброи како лидер на посткомунистичкиот период во Европа.

Во оваа прилика, претседателот се осврна на искуствата на Република Северна Македонија, ставајќи акцент на направените компромиси со соседите, членството во НАТО и посветеноста на интеграцијата на земјата во Европската Унија.

Притоа, претседателот Пендаровски констатираше дека одржувањето на перспективата за членство во Европската Унија е клучниот двигател за реформите, не само во нашата држава, туку и во земјите од Западен Балкан, додека самото членство – клучно за обезбедување долгорочна стабилност, мир и просперитет во регионот.

Во оваа смисла, опишувајќи го евидентниот застој во интегративните процеси на сите земји од Западен Балкан во изминатите неколку години, претседателот Пендаровски изрази загриженост и предупреди дека неизвесноста на овој план би можела битно да влијае на мирот и стабилноста во регионот. Истовремено, претседателот подвлече дека резултат на сегашниот застој се, спорото реформско темпо и подемот на евро-скептицизмот во сите држави од Западниот Балкан.

Покрај ова, во своето обраќање, претседателот ја истакна и важноста на односите меѓу Европската Унија и САД, кога се зборува за мирот и стабилноста на Западен Балкан, констатирајќи дека секогаш кога односот помеѓу ЕУ и САД бил добар и силен, тогаш се гледале придобивките за регионот, Европа и евроатлантскиот регион во целина.

Во заклучниот дел од своето обраќање, претседателот Пендаровски нагласи дека иднината на Западниот Балкан е во Европската Унија и дека Европската Унија треба да ја држи вратата отворна не само заради потребата од сериозни резултати во делот на европските критериуми за демократија, владеење на правото, борбата против корупцијата, туку и заради можноста од користење на евентуалниот вакум од страна на надворешни фактори, кои промовориаат геополитички концепти, кои не се базирани на општите европски вредности.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.