17-ти април
Утре почнува кампањата за годинешниве парламентарни избори, за неколку дена, до 22-ри овој месец завршува кампањата на кандидатите за Претседател на Република Северна Макеонија пред првиот изборен круг закажан за среда, 24-ти април.
Кандидатите со реден број согласно изборното ливче утврдено со жребување од старна на ДИК, Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска Мирчевска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски и денеска ги продолжија своите претставувања на средби со граѓани, со јавни настапи пред медиумите и на митинзи.
Нова тв.мк и денекса во контиунитет од секој од нив по нешто од нивните настапи, главно за нивните главни поенти, а согласно редоследот од гласачкото ливче утврден со жребање во организација на ДИК.
Стево Пендаровски – Дебар:
Главната парола на нашиот претседател не е случајно избрана. Јас никогаш не сум ги делел луѓето на наши и ваши. Јас сум ваш, вие сте мои. И затоа јас со право можам да кажам дека јас сум вашиот претседател, порача од Дебар претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.
Тој посебно се задржа на соживотот, по кој е препознатлив поширокиот дебарски регион.
За разлика од другите места што ги посетив, овде сакам да зборувам за она што вие најдобро го знаете, убаво живеете векови наназад, а тоа е соживотот, коегзистенцијата на различни народи, етникуми, вери, различни социјални статуси. Затоа што Дебар е еден од градовите кој може да се пофали и во најтешките времиња и светски војни, овде и Македонци и Албанци, и Турци и Роми и Власи и Срби и Бошњаци, сите што живеат на овој поширок простор знаеле да си помагаат еден со друг и да си се најдат еден на друг во неволја. Тоа го покажавте и откако Македонија стана независна и тоа на најдобар начин го покажувате и ден денес, рече тој.
Вие сте луѓе и во добри и во лоши времиња, а такви се поретко се наоѓаат во нашава држава. Дебар секогаш бил еден од интелктуалните центри во поширокиот регион, видни фамилии, видни поединци, интелектуалци, писатели, уметници, учители, реформатори, едукатори, потекнуваат од тука. И вие имате со што да се гордеете, констатира Пендаровски. Сите години на независна Македонија беше време на делби и тие делби меѓу луѓето по различни основи беа стимулирани од врвот на државата во тој период.
Јас во моите пет години се трудев никого да не поделам по ниту една основа. За мене и сиромавиот и богатиот се исти. Јас ги делам луѓето на две групи: луѓе и не луѓе. Ние сме избрани да работиме за вас, а не за провизии и за тендери и за разно разни криминали. Затоа мислам дека во изминатите пет години покажав како еден претседател може да се нарекува претседател на сите, не само на хартија, туку во пракса, нагласи во Дебар кандидатот за претседател на републоика Северна Македонија Стево Пендаровски.
Гордана Сијановска Давкова – Свети Николе:
Во овие избори има нешто специфично, до ѕидот сме доведени. Вие заслужувате власт соодветна на вашето достоинство, власт од којашто нема да се плашите и срамите, туку ќе се гордеете, порача од Свети Николе Силјановска-Давкова. Таа се осврна и на пораките кои нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски ги упатувал во 2019 година и сега за влезот на нашата земја во ЕУ, како и за Договорот со Бугарија.
Мислам дека се што тогаш тврдеше дека набрзо ќе се случи, дека ние сме склучиле соломонски договор, дека тоа бил компромис не се реализира. Не само што не направивме чекор напред, тука направивме чекор назад, Зошто, сега преговараме со соседот за почеток на преговори. Феномен и преседан, каков што немало од формирањето на Европската унија, речетаа пред светиниколчани.
Таа истакна дека сите соседи се наброени во Уставот, а во уставното право не е познат таков феномен. Забележа дека ЕУ ја гарантира различноста, а не на сличностите на нејзините членки, но со ветото и барањата од соседна Бугарија всушност се бараат сличностите, пораача кандидатаката за Претседател на Реупублика Северна Македонија Гордана Силјановска Давкова.
Стевчо Јакимовски – Струга:
Пратеникот во германскиот Парламент, Бајер, го потврди она што јас веќе го зборувам подолго време, дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да извршат промени на Уставот, но чекаат прво евентуално да победат на парламентарните избори, па потоа да го направат тоа предавство, вели кандидатот за претседател на државата Стевчо Јакимовски.
И практично, кога ги анализираме двете политички партии, СДСМ е спремен да предаде и тоа веднаш и не се крие за предавството, меѓутоа проблемот кај ВМРО-ДПМНЕ е што тоа сакаат да го скријат од народот, односно да го излажат народот и да го направат тоа предавство по завршувањето на парламентарните избори. И јас сега сакам да прашам, бидејќи тие велат ќе поставуваат узлови, ќе било одложено важењето на Уствот, само сакам да прашам за господинот Мицкоски, кого лаже? Дали го лаже германскиот пратеник, или ги лаже гласачите, членовите на ВМРО-ДПМНЕ, кого лаже? Јас мислам дека, мојата проценка е дека тој му ја кажува вистината на германскиот пратеник, а на македонските граѓани им ја кажува лагата дека тој ќе поставува услови, дека тој ќе бара одложено дејство на важење на Уставот кога ќе влеземе во ЕУ, рече Јакимовски.
Како што тој додаде, треба да се престане со нечесното играње кон Македонците и треба да се престане да се третираат Македонците како монета за поткусурување, па затоа на овие парламентарни избори македонското гласачко тело треба да одлучи да не го дава гласот за оној кој што е подготвен да ги предаде, да го отвори Уставот, потоа да се бира претседател во Прламентот, порача од Струга кандидатот за претседател на Република Северна Македонијна Стевчо Јакимовски.
Бујар Османи – Скопје
Кандидатот за претседател на државата Бујар Османи смета дека коалицијата „Вреди“ нема теми и креативност во изборната кампања и затоа „зборуваат за стари и затворени прашања“. Тој реагираше на изјавата на претставник од коалицијата „Вреди“ кој праша дали Албанците заслужуваат кандидат за претседател за кого Специјалното јавно обвинителство во 2016-та година отворило предмет „Пациент“.
Тоа е истрага почната од обвинител кој денеска е во затвор и е на црната листа на САД. Самото Обвинителство го има затворено веднаш тој предмет и немало ни обвинение затоа што е проценето дека изградбата на болницата во Тетово била согласно законите и дека не само што не е направена штета туку, напротив, е заштитен интересот на државата. Така што немало ниту обвинение туку обид за политичка дискредитација од човек што денеска е на американска црна листа, што очигледно зборува дека имало руско замешателство во тој обид за дискредитирање. Апсолутно нема врска ова прашање. Тие веќе изгубиле идеи и креативност во оваа кампања исплашени од големиот пораз, изјави Османи.
Тој додаде дека иако не се занимава со другите во изборната кампања, ќе му контрира на противкандидатот Арбен Таравари со прашањето за легитимитетот во Алијанса за Албанците.
Одлуката на судот дека, сепак, мојот противкандидат нелегално се обиде да ја узурпира партијата го прави малку проблематичен и недостоен за кампања. За такви прашања треба да разговараме, за кои има судски одлуки, а не за овие прашања, изјави кандидатот за Претседател на Република Северна Македонија Бујар Османи.
Билјана Ванковска Мирчевска – Фејзбук:
Дебатите претставуваат најдобар начин за кандидатите да ги претстават своите визии пред јавноста и да се соочат со визиите на противкантите на јавна сцена, во живо. Како и за граѓаните да се здобијат со подетални информации за тоа кои се нивните планови за управување на земјата“, вели Билјана Ванковска.
Во отсуство на дебата меѓу претседателските кандидати, што е одлика на едно демократско општество, вечерва со почеток во 18:00 часот на фејсбук страницата на Левица, пртијата што ме подржува, ќе одговарам на прашања од граѓаните. Прашањата може да се остават во коментар под објавата што е поставена на социјалните мрежи или во тек на самиот пренос во живо, порача денеска кандидатаката за Претседател на Република Северна Макеонија Билјана Ванковска Мирчевска.
Арбен Таравари – Дебар:
Нашата земја е уназадена во економијата, во правдата, во демократијата, во правата на граѓаните, на народите, на малцинствата, во вработувањето, во развојот. Затоа време за промени, рече Таравари на митингот во Дебар.
Да го отстраниме старото и да донесеме новини, со нов Претседател, со нова влада, нов Устав за една држава која на сите ќе им припаѓа и сите ќе ја сакаат. За држава која вреди, порача вечерва Таравари.
Тој и од Дебар најави забрана на коцкањето и брзите кредити, со кои, како што рече нашите граѓани се задолжени до гуша, додавајќи притоа дека ќе им помогнат на граѓаните овие долгови да ги покрие државата или владата.
Во Северна Македонија граѓаните трошат околу 1,7 милиони евра дневно во игри на среќа. Овие пари ги полнат џебовите на руските и српските олигарси а преку нив и на моќниците од ДУИ. Болеста наречена игри на среќа ја инсталира и промовираше ДУИ на секој чекор во нашите населби. Оваа болест кој се симболизира со лотаријата на Артан Груби, ги уништува нашите семејства, го уништува нашето општество, додаде кандидатот за Претседател на Република Северна македонија АрбенТаравари.
Максим Димитриевски – Скопје:
По потпишувањето на кодексот за фер и демократски избори за парламентарните избори 2024, Димитриевски во изјавата за медиумите и јавноста рече дека сепак потпишале само форма, а не суштина. Тој додаде дека колку изборите се демократски, колку се праведни, дали се правилни и дали даваат еднакви можности за сите, покажува реалноста.
Големите политичи субјекти од народни, државни пари, за политички маркетинг ќе добијат девет милиони евра, а малите политички партии по осум илјади евра, па нека заклучат граѓаните. Тој посочи дека во полн ек е претседателската кампања за сите претседателски кандидати но гледаме како таа се одвива.
Голем број канадидати за парламентот, за парламентарните избори,посочи тој, се директно вклучени, инволвиранисе се како говорници кои повикуваат на поддршка на претседателските кандидати.
Тоа ДИК треба да го преиспита. Но сепак, на крајот последниот глас ќе го имаат граѓаните на 24-ти април, рече тој. Единствено тие, граѓаните, може да го подигнат нивото на демократијата, а секако дека е потребно да се измени законот за кампањата да биде еднаква за сите и во Македонија да има правилни и демократски избори, изјави кандидатот за Претседател на Република Северна Македоднија, Максим Димитриевски.