19-ти април
Привршува кампањата за претседателските избори. Со поклопување на активностите на кандидатите со кампањата на партиите за парламентарните избори, спласнува динамиката на претедентите за претседател на Република Северна Македонија, а интензитет добиваат предизборните партиски настани.
НОВАтв.мк и денеска ги проселеди поважните активности на Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска Мирчевска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски и за секој од нив пренесува по дел од нивните активноссти, а согласно редоследот од гласачкото ливче утврден со жребање во организација на ДИК.
Стево Пендаровски – Скопје:
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира со кого сака. Но, понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за коалицирање со неговата партија, уште на првиот ден од кампањата за парламентарни избори, покажува дека тој бара помош. Ние среде кампања не бараме помош од пријател. Мене ми се чини дека тоа е јасен знак на слабост, затоа што господинот Мицкоски знае што го очекува на 24 април и на 8 мај. Инаку зошто би барал помош од страна, рече Пендаровски.
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва од Шуто Оризари порача дека Македонија, како мултиетничка земја, може да просперира и да оди напред само ако подеднакво ги вреднува сите етнички заедници.
Ромите за мене се еднакви како и сите останати граѓани. Јас не ги разликувам луѓето по нивната верска или етничка припадност. Кај мене можел да дојде секој што ќе посака, без разлика дали е Македонец, Албанец, Турчин или Ром, дури и ако не гласал за мене, истакна Пендаровски и додаде дека во нашата земја има врвни интелектуалци Роми кои придонесуваат за развој на нашата заедничка татковина, аклучи Пендаровски.
Гордана Сијановска Давкова – Крива Паланка:
Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да се направи евалуација или реевалуација на сите кандидати во поглед на имотот или во поглед на стореното. Но, три пати да се залагате за нешто, а да не направите ни еден чекор кон тоа, мислам дека ве предупредува дека треба сами да си ставите вето на она што го ветувате, а не го исполнувате. Можеби така го замислува претседателот ветото. Јас не знам како го замислува. Како нешто што постојано го ветува, ама крајно време е: Вето да си стави сам, дека нема да измислува. А мислам дека и вие треба вето да му ставите, рече Горданa Силјановска Давкова.
Мислам дека најважната битка што мора да почне на 24-ти, а да биде потврдена со најголема можна брзина во иднина, е бескомпромисната борба со корупцијата и криминалот. Корупцијата и криминалот немаат никаков етнички или религиозен предзнак.
Меѓутоа, ни економија, ни образование, ниту култура, ни земјоделие, не може да се развиваат без правна држава во која сите ќе бидат под Уставот и законите! Во која нема да има селективно судство, ниту несанкционирање на потезите на многу други оти веќе бегање нема, изјави Горданa Силјановска –Давкова.
Стевчо Јакимовски – Скопје:
За среќа конечно маските пандаа. Христијан Мицкоски јавно објави дека повеќе нема да ги напаѓа ниту Левица, ниту ЗНАМ, ниту господинот Максим Димитриевски, што значи дека тие од тајна стануваат јавна коалиција и ова јасно покажува дека тие веќе ги имаат усогласено ставовите во врска со промена на Уставот и во врска со внесот на Бугарите во Уставот на Република Македонија, а веројатно се имаат и договорено за промена на Уставот и избор на претседател во Собранието, онака како што бараат албанските партии во Република Македонија, вели Јакимовски.
Ова јасно покажува дека и Левица и ЗНАМ стануваат дел од ВМРО-ДПМНЕ и стануваат продолжена рака на оваа коалиција и оваа голема политичка партија и станува јасно на политичката сцена. Искрен да бидам, јас сум многу среќен затоа што ГРОМ и коалицијата Храбро за Македонија останува единствена трета опција, единствена независна сила што се бори против овие два големи политички блока кои што не донесоа среќа на граѓаните на Република Македонија и кои што водат политика по принципот „кажуваат ДА и кога народот вели НЕ“, дообјаснува претседателскиот кандидат.
Но навистина е крајно нечесно да се трудите да ги изиграте македонските граѓани, да го изиграте македонскиот народ, цело време да глумите патриотизам, да глумите уставобранители, цело време да глумите дека сте загрижени за граѓаните и дека вие сте тие што ќе ги ограничите ДУИ во нивниот поход кон освојување на комплетната власт на Република Македонија, а всушност се подготвувате и се групирате да го извршите најголемото предавство во историјата на македонскиот народ, нагласи Јакимовски.
Бујар Османи – Куманово
Претседателскиот кандидат Османи прво во Скопје ја посети Стопанска комора на Северна Македонија, а како дел од серијата средби што како кандидат за претседател ги има со економските чинители.
Османи имаше средба уи со преставници на Форумот на жени и Форумот на млади на ДУИ, огранок Сарај. Тој им вети на младите од Сарај дека како следен претседател ќе создаде држава во која без разлика на етничката припадност секој ќе има можност да ги оствари своите соништа.
Османи го опиша Европскиот фронт како идеја чие време е дојдено. Тој рче дека од исклучен народ сега сме народ кој го постигна првиот премиер Албанец. Го институционализиравме достоинството на нашиот народ. Почнавме да ги уриваме моноетничките тврдини. Претседателот на Собранието, првиот премиер, но сè уште не сме завршиле, бидејќи сè уште имаме тврдина која за нас е забранета зона, а на митингот во Куманово ги повтори заложбите за уставните промени како услов за отворање на кластерите и за практичен почеток на преговорите со Европската Унија.
Билјана Ванковска Мирчевска – Скопје:
Претседателскиот кандидидат Билјана Ванковска Мирчевска кампањата ја реализираше и со постеа на Саемот на книги во Арената „Борис Трајковски“ каде што се среќаваше со граѓани при што ги повтори своите познати ставови дека како претседател на државата ќе ги раскине договорите со Грција и со Бугарија и дека Македонија ќе го напушти НАТО.
Ванковска и денеска пред медиумите се пожали дека нема рамноправен медиумски третман, апосебно стави забелешка на отсуство на јавни соочувања на претседателските кандидати.
Арбен Таравари – Гостивар:
Кандидатот за претседател Арбен Таравари во политичката платформа наведува дека ќе се погрижи, како што вели, навредливата дефиниција на албанскиот јазик како „друг јазик што го зборуваат најмалку 20 %од граѓани“ да се елиминира од Уставот.
Ќе се погрижам од Уставот да се елиминира навредливата дефиниција на албанскиот јазик како „друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните„ и албанскиот јазик, во неговото писмо, да биде службен јазик на целата територија на државата на еднакво ниво со македонскиот јазик, изјави тој.
Таравари уште вети и дека ќе стори се платите да растат како миниламната така и просечните, секако, дополни, треба да се поработи и на продуктивноста.
Максим Димитриевски – Велес:
Како партија ние не прогласуваме мораториуми, бидејќи немаме намера и не напаѓаме политичи субјекти, водиме позитивна кампања, рече денеска претседателскиот кандидат Максим Димитриевски коментирајќи ја изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во која прогласи мораториум за ненапаѓање во рамки на изборната кампања.
Димитриевски во изјава по средбата со граѓани во Скопје, во однос на повикот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за обезбедување на македонско национално единство, посочи дека по завршување на изборите, пред да започне какви било преговори, движењето планира да излезе со декларација за дефинирање на, како што рече, „македонските црвени линии“.
Во однос на изјавата на преседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој што прогласи мораториум за ненапаѓање и повик за национално македоско единство би сакал да посочам дека ми е мило што конечно сите тие субјекти кои се претставуваат како големи субјекти ја сфатија суштината и заложбата на ЗНАМ. Димитриевски ја исклучи можноста за каква било соработка после изборите со актуелното раководство на СДСМ и посочи дека изминатите постапки на власта и опозицијата потврдувале дека помеѓу нив постоела соработка и покрај различните ставови изнесени во јавноста.