Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори 2024        

0
By Zoran Ivanov on April 22, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

22-ти април

Кандидатите за претседател на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска Мирчевска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски денеска и вечера на неколку часа пред молкот за изборите в среда, ги финализираа своите предизборни активности.

Како и досега во изминатите 19 дена, НОВАтв.мк и во овој последен 20-ти извештај прикажува кус преглед со главните пораки и поенти на кандидатите од нивните денешни средби со граѓани, медиумски настапи и митинзи. И овој материјал, идентично како и претходните го задржува редоследот на активностите на кандидатите согласно редоследот од гласачкото ливче утврден со жребање во организација на ДИК.

  1. СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ – НАШИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СТЕВО

Битола

  • Независно од нашата големина, сега сме рамни и на иста маса со САД, Франција, Канада, Германија…, затоа што имаше храбра политичка гарнитура која не се грижеше за својот рејтинг ниту за идниот мандат туку за безбедноста на државата за следните децении, истакна Пендаровски осврнувајќи се на членството на државава во НАТО.
  • И за интегрирање во Европската Унија направен е историски исчекор бидејќи по 17 години ги отворивме преговорите, но за жал, рече, се испречи главната опозициска партија која нема учествувано на позитивен начин во ниту еден државотворен акт од 1991.
  • Таа, Силјановска, нуди поништување на сите договори „кои не втемелија во меѓународен поредок како субјект, а не како објект на политичката маса“.
  • Порача да се каже „не на таквите експерименти“, „да не си играат со судбината на Македонија“, зашто тие „системски договори се во основата на безбедноста на граѓаните“. Наместо тоа, рече Пендаровски, треба да се зборува за економија и подобар стандард и за борба со корупцијата.
  • -Не ги чепкајте НАТО и ЕУ, со тоа ја носите Македонија во опасна зона, порача Пендаровски од митингот во Битола.
  • Со поништување на договорите и намерите на опозицијата да репреговара, ќе бидат загубени нови 20 или 30 години.
  • Ви гарантирам дека ако тие евентуално имаат шанса да се доберат до власта, и почнат да преговараат без ефект, ќе ни се иселат и овие малку млади луѓе што ни останаа. Помина времето на режимот, не смееме да дозволиме да се инсталира режим два. Газда во оваа држава се македонските граѓани, а не четири или пет луѓе во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.
  • Ако добијам втор мандат да ја водам државата веднаш по 8 мај ќе иницирам комплетен ветинг т.е проверка на имотот на си,те политичари, судии и обвинители, не само во изминатите пет години, туку од 1990 до денес.
  • Мислам дека во првиот круг во однос на разликата, се разбира од почит кон другите кандидати не кажувам кои се двајцата фаворити, меѓутоа јас мислам дека со седуммина во трка и го знаете идеолошкиот, политичкиот профил на секој од нив, никој не е сосема нов – разликата меѓу првите двајца ќе биде многу мала. Значи нема да биде 100 илјади или над 100 илјади, што е добро за неизвесноста во вториот круг. Кога граѓаните одбираат меѓу седум кандидати за претседател, невозможно е разликата меѓу двајцата што ќе влезат во вториот круг да биде со троцифрен број, како што сака да верува ВМРО-ДПМНЕ.
  • Има една индикативна работа. ВМРО-ДПМНЕ и во однос на парламентарните избори постојано се расфрла со бројки на пратеници – блиску сме до 61, дајте ни уште малку поддршка, наближуваме 61, па лицитира 55, 57 итн. А за претседателските избори лицитира со 100 илјади гласа разлика, најмалку 100 илјади. Па повикува, прашува дали ќе се откажам, ако биде таква разликата. Меѓутоа индикативно е дека никогаш не кажува како ќе биде разликата на крајот и кој ќе биде победник на крајот.
  • Дајте да разговараме за европски критериуми, за владеење на право, за професионална администрација, слобода на медиуми, човекови права, борба против корупција. Тоа е повеќе наша заложба и мое политичко кредо, да се сообразиме со реалноста, Балканот и ние предолго чекаме, со овој статус сме практично 20 години.
  • ЕУ пред некој ден конечно го усвои Планот за раст на Западен Балкан во кој има милијарди евра пари на располагање кои би ги имале пред да бидеме членка на ЕУ.
  • Има една нова формулација која ја користи за кандидатите, тоа значи уште пред да бидеш членка на ЕУ, онаму каде што ќе ги поминеш поглавјата да можеш веднаш да седиш на масата во Брисел, без право на глас, но да можеш да кажеш што мислиш и да дадеш предлог.
  • Потребно ефикасно користење на средствата за економски и социјален развој од новиот План за раст на западниот Балкан на ЕУ, како и постојана соработка со институциите на ЕУ во делот на развојот на инфраструктурата, зелената транзиција и заштитата на животната околина и справувањето со климатските промени.
  • Апелирам до двете страни, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, немојте два дена, три дена, пет дена пред изборите да ја кревате реториката на меѓунационалната тема. Таа е многу чувствителна, многу експлозивна. Знаете дека имавме конлфикт во 2001-ва. Одвај се вративме, одвај се опоравивме и, во принцип не сакам која било политичка партија на темата на национализмот да добива изборен поен. Зашто што ќе правиме кога ќе завшрат изборите.
  • Најбитни се економија, социјална политика и борбата против корупцијата. Мораме да го кренеме стандардот на граѓаните и немојте да ги креваме тензиите со муабети кој е поголем патриот од кого е поголем. Тоа кој бил победник во конфликтот во 2001 година конечно да се остави на страна  затоа во таа 2001 година немаше победник, сите бевме губитници, а Македонија најголем.
  1. ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА – МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА

Штип

  • Се наоѓаме пред портите на четвртиот Илинден каде ќе имаме реформи, европски стандарди, одговорност и безмилосна битка со корупцијата и криминалот, бидејќи ниту една област како образование, здравство, еконoмија, социјалнa заштита, наука и сл. не може да се помести ниту педа напред.
  • Не смееме да дозвилиме македонското ткиво да биде корумпирано и криминализирано, оттаму политичката максима ќе биде крај на корупцијата и криминалот и негово искоренување бидејќи во прашање е системско зло.
  • Фамилиите на власт се поврзани со корупција и криминал, не е воопшто пријатно да гледате слики каде највисоки функционери ја делат трпезата со секого, односно тоа е доказ дека со премолчување и самите се дел од тоа криминално семејство. Мора да ставиме крај на ова.
  • Не смее претседатели и премиери кои се во изборна трка да сметаат на гласови добиени со помош на криминалците, бидејќи таму нема збор, таму има ветување и исполнување. Здравјето на целата нација, здравјето на Македонија го врзуваат за болниот живот на ликови кои се длабоко потонати во криминал.
  • Само кога секој ќе стрепи од криминал и корупција, тогаш ќе има шанса младите да се вратат назад, а Мекедонија како совршен мозаик да зачекори во просперитетната ера.
  • Во очите на луѓето гледам надеж, тоа е страшна одговорност. Понекогаш си велам дали ќе можеме овие големи очекувања да ги исполниме. Како ѕид да имаше пред нас и тешко е да се урне. Ѕид на незнадење, ароганција и бесчувствителност. Можеби си реков, сум ја крунисала кариерата, па време е да читам, да пишувам. Јас сум многу обична жена, која работи низ дома, оди на пазар, сака да чува внука. Тоа ме прави горда, зашто ние имаме извонреден однос кон семејството. Ние мајките многу министерства водиме низ куќата и тоа успешно. Си мислев дека нешто ми вели дека можам да бидам добар пример за сите прекрасни жени. Ако знаењето и умот ги впрегнеме во иднината, и во секогашноста ќе оставиме дел од иднината и таа ќе стане извесна, а не неизвесна како со овие луѓе кои сега се на власт. Затоа се нафатив да зачекорам кон една нова фаза.
  • Секој има праг на воздржливост и нашите граѓани, дел од нив во оваа власт не можат да препознаат социјалдемократија. Мислам дека нема да гласаат за нив. Јас сум убедена дека за мене ќе гласаат дури и некои пратеници од СДСМ, дури и некои луѓе од ДУИ и од другите партии а исто така и многу неопределени.
  • Дури и со ваква преговарачка рамка се можни решенија, како и дека доколку стане претседателка најнапред ќе разговара со соседите и ќе предочи на регионалните прашања, но и на други околности. Според неа, ЕУ нема политика за Западена Балкан.
  • Очекувам кога ќе завршат изборите кај нас, кога ќе завршат изборите во ЕУ, кога ќе завршат изборите во Бугарија, реков, приоритет ќе ми се нашите соседи да поразговараме.
  • Мислам дека дури и со ваква преговарачка рамка можни се решенија. Нека си продолжат комисиите да разговараат но да се даде една интерпретација на Договорот за пријателство и добрососедство низ призма на преамбулата дека нема прашањата врзани за идентитетот, за културата и за историјата да можат да бидат основ за вето туку само копенхашките критериуми зашто ЕУ треба да си ги чува темелните вредностии принципи.
  • Се надевам дека тоа ќе остане битна тема за вториот круг претседателски избори. Се разбира, ќе се соочам веројатно со противкандидатка, ако не изненади противкандидатот.
  1. СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ – ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА

Скопје

  • Сите се колнеме во правдата, сите претседателски кандидати и актуелниот претседател на Република Македонија имаме и министерство за правда ама не сакаме да ги спроведуваме законите.
  • Ние имаме Закон со кој се запира извршувањето на останатите сметки над 10 години со кој што оштетени се токму најсиромашните граѓани на Република Македонија, а пред се пензионери и социјални случаи.
  • Истиот тој Закон е обжален на Уставен суд и уставниот суд ја отфрли иницијативата што значи дека одговорноста за не примена на законот е токму на Министерството за правда и во исто време претседателот на државата мора да инсистира да се примени Законот, односно да се ослободат 83 илјади семејства од енормно високи сметки, односно нивните сметки се блокирани за ситни долгови од 3-4 или 5 илјади денари и истите долгови со камати се направени да бидат по 150 или 200 илјади денари.
  • Знаете ли што значи за еден примател на социјална помош или на некој пензионер кој има 15 илјади денари, што значи 150 илјади до 200 илјади денари. Тоа е цела планина за него и затоа сметам дека како општество, дали се законите добри или не, тоа не смее никој да го коментира туку напротив законите сме должни сите да ги спроведуваме, а пред се на тоа мора да инсистира министерот за правда и претседателот на државата.
  • Не може да бараме резултати од нив, а немаме доволно обвинители, немаме доволно истражители, немаме доволно судии.
  • Сакаме со политика, со политичка хајка да правиме ветиг, да ги вразумуваме судиите, да правиме         судство како што не треба, сакаме повторно да имаме специјално обвинителство.
  • Ќе се научиме ли еднаш дека на тие институции кои ги имаме, треба да им ги дигнеме материјалните капацитети.
  1. БУЈАР ОСМАНИ – ЕВРОПСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Скопје

  • Ве повикувам да ја оствариме оваа историска победа, да одиме во вториот круг.
  • Настаните од 27–ми април се последица на изборот на Албанец за претседател на Собранието. Уште се свежи тие настани кои се едни од најстрашните во историјата на земјата.
  • Животот на претседателот на Алијанса за Албанците Зиадин Села тогаш беше доведен до прашање.
  • Пред седум години, речиси точно на денешен ден, некаде на стотици метри од ова место, таму во Собранието на Северна Македонија се случија најстрашните настани од поновата историја на нашата држава.
  • Се сеќавате на настаните од 27 април, пред нас се уште се крвавите слики на нашите пратеници. Која беше причината?
  • Дека Талат Џафери стана претседател на Собранието.
  • Што беше проблемот? Само тоа што бил Албанец и ништо друго.
  • Се уште се сеќавам на сликите на Зиадин Села кој тој ден за малку ќе го загубеше животот.
  1. БИЛЈАНА ВАНКОВСКА МИРЧЕВСКА – ГО ВРАЌАМЕ ДОСТОИНСТВОТО НА НАЦИЈАТА

Гостивар

  • Се разбира останува разочарувањето околу она што вчера се случи во вид на т.н. претседателска дебата. Јас ја сметам за симултано интервју со седум кандидати кои немаа баш можност да си ги вкрстат аргументите. Многу прашања останаа неодговорени.
  • Беше ило недолично да се разговара за теми кои се во ингеренции на владата, а да не се разговара за националната безбедност, за меѓународната безбедност, за она што врховниот командант на вооружени сили би го правел. Меѓутоа, се надевам дека тоа ќе остане битна тема за вториот круг претседателски избори. Се разбира, ќе се соочам веројатно со противкандидатка, ако не изненади противкандидатот.
  • Утре Уставниот суд одлучува за претставката во врска со правилникот на ААВМУ. Со него на партијата што ме подржува ѝ е ускратено правото на платено претставување пред граѓаните но расправата и одлуката на судот ќе се задоцнети.
  1. АРБЕН ТАРАВАРИ – ТАРАВАРИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

Скопје

  • За нас пријателството со САД е свето. Неуморно ќе работиме со нив за интегрирана Македонија во ЕУ и далеку од руското влијание.
  • На последниот собир во Скопје доаѓам по многуте средби и собири низ државата, вклучително и дијаспората, и дека внимателно ги слушав проблемите на граѓаните со кои се соочуваат веќе 22 години.
  • Ова е, за жал, реалноста на нашиот народ по 22 години да има неодговорна и корумпирана власт.
  • Доаѓаме тука и по средбите со Албин Курти и многу пријатели и браќа од Косово, кои ја поддржуваат нашата победа.
  • Многу сме свесни за задачата што не чека, затоа се здруживме сите за да дадеме збор.
  • За Северна Македонија членка на Европската Унија и со трајно пријателство со САД, моите дела ќе бидат целосно во согласност со стратешкиот интерес на САД.
  • Како претседател на Републиката, се обврзувам дека мојата надворешна политика ќе се заснова на европски и прозападни вредности, а со цел членство на земјата во Европската унија.
  • Ја сакам Северна Македонија како излечена од епидемијата на корупција како предуслов за социјален и економски развој.
  • Како претседател на Републиката, ветувам дека посветено ќе работам Северна Македонија да биде безбедна држава и да ја промовира регионалната безбедност и мир.
  • Ќе се погрижам да имаме кредибилни одбранбени капацитети, како дел од нашите обврски во НАТО и ЕУ.
  • Ќе се борам да ја вратам довербата во правосудниот систем со борба против корупцијата со сето свое битие ќе ја брани  консензуалната демократијата , слобода на изразување и правосуден систем.
  1. МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ – МАКСИМУМ ЗА МАКЕДОНИЈА

Струмица

  • Доживеавме вчера во Скопје да ни веат знамиња на туѓи држави и да ни скандираат УЧК, а притоа целата наша политичка елита и од позиција и од опозиција да молчи и не смее глас да крене. Еве што ти била цената на власта и позицијата да се направи калкулација и математика за да се трча по гласови во вториот круг, ама затоа главата ќе се ведне и кичмата ќе се свиткува. Е Максим тоа нема да го дозволи.
  • Едно ќе му кажам: Господине Ахмети ние сакаме да градиме убава и позитивна историја за македонскиот народ и сите заедници кои живеат на овие простори. Ние сакаме Македонија да ја гледаме таму каде што и е местото, во Евроатлантскиот сојуз, но притоа почитувајќи го нашето достоинство, интегритет, македонскиот јазик, култура, континуитет, самобитност, сопствената историја и се она што е македонско, затоа што ова Република Македонија, како и да ја нарекуваат, ја изградиле нашите предци, Македонците и доколку зависиме од желбата на другите околу нас ние немаше да имаме своја и независна држава. И верувајте ми ќе ја одбраниме и со зборови и со дела.
  • Оние кои на минатите избори се именуваа како зелени, а денеска себе си се нарекуваат како европски фронт да ги остават милитантните изјави и сето она што на последниот митинг го претставија во јавноста, по страна, бидејќи со таквите гестови излегуваат од јагнешките кожи и се претставуваат во вистинско светло, какви што се. Скандирањето на УЧК на плоштадот во Скопје дополнително создава негативни емоции кај граѓаните на Македонија и кај македонскиот народ.
  • Од овде сакам да му порачам и на господинот Ахмети, но и на мојот противкандидат Османи, којшто под завеса на голем поборник за европски права, со ваквото делување дополително ја дели Македонија, изјави претседателскиот кандидат.
  • По владини кабинети пеат песни и играат фудбал. Тоа што за вас е УЧК, не навлегувам во вашите лични чувства, за нас се нашите бранители. Да ја оставиме таа лоша историја од нашето заедничко живеење на страна и да продолжиме да градиме нови мостови на пријателства, бидејќи Македонија мора и еден ден ќе биде таму кадешто и е местото.
  • Како иден претседател на Македонија ќе работам на комплетно национално единство на македонскиот народ и единство на сите граѓани на Македонија, со взаемно почитување и разбирање помеѓу себе, бидејќи оваа држава им припаѓа на сите, но првенствено на македонскиот народ и сите етнички заедници коишто живеат во неа.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.