Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори 2024

0
By Zoran Ivanov on April 10, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателски избори 2024                                           

10-ти април

Петтмина од седумтемината претседателски кандидати, Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Билјана Ванковска и Максим Димитриевски денеска ги продолжија предизборните активности со посети по градови и општини, со обраќања и на средби со граѓаните.

Кандидатите Бујар Османи и Арбен Таравари, поради големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, како што  соопштија, а и според традицијата, денот го минуваат со своите дома, додека Стево Пендаровски беше во Неготино, Гордана Силјановска Давкова во Струмица, Стевчо Јакимовски во Скопје, Билјана Ванковска во Скопје и Максим Димитриевски во Штип.

Стево Пендаровски – Кавадарци:

Актуелниот претседател на државата во Тиквешијата имаше повеќе обраќања, средби со граѓани и митинг во Кавадарци. Во сите пригоди Пендаровски ја потенцираше важноста бргу да продолжи евроинтеграцискиот процес потсетувајќи дека опозицијата, конкретно против кандидатката Силјановска Давкова и нејзината партија поддржувач ВМРО-ДПМНЕ не само што не понудија конкретна алтернатива туку ниту навестија како натаму со Македонија. Напротив, остануваат главниот кочничар за државата и за подоброто денес и утре на нејзините граѓани.

Во опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, рече Пендаровски. Тоа е партија каде уште е присутна истата матриц, онаа на Никола Груевски додавајќи дека тие уште не се ни извиниле за тоа нивно време, исто и за 27 април и за тепањето на пратеници. Напротив, тие сега сакаат да ги амнестираат. Без усул и достоинство се овие луѓе. Ова се децата на Никола Груевски и Македонија ја разбираат како акционерско друштво, порача Пендаровски. Актуелниот претседател потсети и дека, како и сега за ЕУ, исти такви отпори даваа и за НАТО па сега, кога Европа е соочена со воена криза молчат. Затоа, нагласи Пендаровски, овие избори се многу важни и нив треба да ги добијат прогресивните субјекти и политички сили.

Гордана Сијановска Давкова – Струмица:

И пред струмичани, кандидатката подржана од ВМРО-ДПМНЕ  вети дека ќе продолжи да се бори за рамноправност и дека претседателот е тој што го отсликува народот. Зброувајќи за состојбата во државата рече дека е далеку е од европска и демократска, нагласувајќи, дека истражувањата покажуваат дека сме најнесреќниот народ во Европа. Таа доплни дека ќе стори се` Македонија да биде пристојна држава во која владее правото, правдата, а не „моќни политички богови и олигахиски групи.

Давкова Силјановска и пред струмичани ги повтори своите познати ставови дека уставните измени не ќе можат да се случат атака како што решила власта за што на земјата треба да и се врати гордоста.

Кандидатката за претседтел Силјановска Давкова вети дека ќе продолжи да се бори за рамноправноста, вели дека претседателот е тој што го отсликува народот, а најави и враќање на народните канцеларии. Зброувајќи за состојбата во државата рече дека е далеку е од европска и демократска, нагласувајќи, дека истражувањата покажуваат дека сме најнесреќниот народ во Европа. Додаде дека ќе стори се, Македонија да биде пристојна држава во која владее правото, правдата, а не моќни политички богови и олигахиски групи.

Стевчо Јакимовски: Скопје

Меѓу главните теми на претседателскиот кандидат Јакимовски денеска беа младите и нивниот актуелен општествен статус. Обраќајќи се пред граѓаните претежно пред младите поддржувачи тој нагласи дека доколку стане претседател на државата меѓу приоритетите ќе му биде да работи на потребата од донесување мерки од стана на надлежните повеќе да не се случува никој да не може од државата да биде финансиран со плата а да седи дома. Таква администрација нема никаде.

Нужна е брза и темелна реформа на администрацијата и повеќе е неиздржливо и недозволиво по необразовани и по неспособните кадри да ги заземаат местата на по образованите и на поспособните способните.

Билјана Ванковска Мирчевска – Скопје:

Претседателската кандидатка Ванковска Мирчевска, на средби со граѓаните во неколку скопски општини ги повтори своите анти НАТО ставови и определбата дека доколку стане претседателка на државата ќе го раскине договорот за добрососедство со Бугарија. Таа ја критикуваше и Европската Унија како заедница со надминати вредности. И не само тие туку и Рамковниот. Решенијата што ги содржи мојата програма се многу директни, нема двоумење и дискусија. Ги раскинуваме трите договори што влечат надолу. Мојата порака е дека Европската Унија е бајка. Таа веќе се менува. Таа е веќе милитаризирана. Таа веќе ги инвестира парите во војна,  за жал. Конечно треба да си го вратиме достоинството, рече тааа. Нејзината порака во кое вели е убедена, е конечно Македонија да биде слободна држава и судбината за себе да си ја земе во своите раце и да престане да биде колонија, вели Ванковска Мирчевска.

Максим Димитриевски – Штип:

На Македонија и`треба претседател кој што ќе произлезе од граѓаните и ќе биде претседател на граѓаните. Државата мора да ја направиме функционална, да ја напуштиме партиските матрици во сите области од животот и да му се даде шанса на квалитетот, рече Димитриевски и пред штипјани.

Тој и денеска повтори и дека најголемите проблеми кои ги наведуват граѓаните се владеењето на правото, неказнивоста, селективната правда, нефункционална држава и
финансиско-социјалната состојба.

Димитриевски уште рече дека дошле времиња невремиња, дека 30 години, едно исто, доаѓаат едни си заминуваат други, по 4 или 8 години се враќаат тие коишто претходно заминале и секоја година се полоши од тие коишто претходно биле, и така во континуитет, сето тоа се врти во круг, а од година во година, граѓаните се сè полошо и полошо и дека во Македонија во континуитет гласаме против ниту еднаш за, секогаш граѓаните се ставени пред избор да гласаат за помало зло од претходното. И за прв пат во Македонија на претседателски избори имаме 7 кандидати, а жртва сме на два политички субјекта во македонскиот блок и два субјекта од албанскиот блок.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.