НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори 2024                    

0
By Zoran Ivanov on April 13, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

13-ти април

Изборната кампања за претседателските избори влезе во втората половина, а за пет дена, на 18-ти април, почнува и кампањата за годинешниве парламентарни избори закажани за 8-ми мај.

И денеска, сабота, фокусот на претседателските кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска Мирчевска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски беа европската интеграција, реформите, економската состојба, криминалот и корупцијата, образованието и здравството и, секако, кај сите и правосудниот систем.

НОВА тв.мк презентира кус преглед од активностите и пораките на претседателските кандидата од нивните денешни настапи пред македонските гласачи и, и овој пат, по ред согласно нивниот распоред на изборното ливче за првиот круг на претседателските избори закажан за 24-ти април 2024.

Стево Пендаровски – Полошки регион:

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во рамки на изборниот караван низ Македонија продолжи со средби на граѓаните во Желино, Брвеница и со граѓаните на Теарце, а потоа одржа митинзи во Јегуновце и во Тетово.

Барам од сите вас, на 24-ти овој месец, масовна политичка мобилизација, уште во првиот изборен круг да покажеме дека сме за нормална, напредна и европска Македонија, на сите, а не за заробена, на неколкумина, на еден човек или на една фамилија. На 8 мај само ќе ја завериме победата, но не за нас, не за мене лично, не за идниот премиер, пратеник или министер, туку за сите деца, за сите идни генерации, зашто заслужуваме, по 33 години, по оваа долга и мачна транзиција, конечно да станеме дел од европското семејство, порача синоќа од централниот митинг во скопски Центар, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Нема план „Б“, има само план „А“, истакна Пендаровски во врска со уставните измени кои, како што напомена, мора да поминат за да станеме членка на ЕУ. Се осврна и на предизборната дебата со противкандидатите, нагласувајќи дека ќе присуствува каде и да се одржи, со мал исклучок, алудирајќи на МРТВ кон која засега има резерва.

Јас бев првиот кој понуди дебата со сите кандидати и не правев селекција – „овој да биде, овој да не биде“. Онаа дебата на која ќе присуствуваат сите седум кандидати, ќе бидам каде и да е, со мал исклучок, МРТВ. Тука имам резерва. Ако е точно, за аферата што излезе пред неколку дена, дека наводно има документи кои докажуваат дека штабот на најголемата опозициска партија организирал центар за продукција на лажни вести и политичка пропаганда, тогаш нека причекаат додека надлежните органи не ја расчистат, зашто можеби не е точна, можеби е фалсификат. Прво расчисти ја, па потоа ќе ме викаш на дебати, нагласи Пендаровски.

Гордана Сијановска Давкова – Скопски регион:

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова вечерва на митингот во Бутел рече дека тврди оти тоа што го запишала во изборната програма ќе ја води, бидејќи, како што нагласи, тоа не се обични зборови, тоа не е хартија, тоа е верба, тоа е ветување, тоа е обврска.

Според неа, власта во заминување е најстрашна власт – конфузна, хаотична, фрустрирана, несигурна, инфантилна и тогаш посега по навреди, по клевети. Тие, рече, немаат извештај и отчет за тоа што го сработиле, бидејќи правеле тоа што не смееле, а не тоа што требало во интерес на државата и граѓаните.

Значи, нема што да кажат што ќе прават оти прашањето на народот е што сторивте, каде ви е извештајот, каде ви е отчетот. Оти мандатот на секој претседател / претседателка почнува со програма, ама завршува со извештај. Сте виделе ли такво нешто? Јас не сум видела. Веројатно го нема. А како ќе го има кога го правеа она што не смееја, така, а не го правеа тоа што мораа, рече таа пред граѓаните на Бутел.

Таа смета дека претседателот треба да се обраќа пред пратениците, да им укажува, да предлага, да трага по заедничко решение за многу прашања, да превенира.

Јас велам деновиве да не оди чекор, чекор да не пушти надвор без во Собранието да постигне консензус за нашите државни и национални интереси од кои никој нема право да отстапува, бидејќи не ја наследил никој Македонија од дедо му или од прадедо му, туку од предците и мора да им ја остави на потомците како пристојна држава во која можеби некој од која заминал ама ќе сака да се врати затоа што тука убаво се живее, истакна Силјановска Давкова.

Стевчо Јакимовски – Кривопаланечки регион:

Клучот на нашата заложба и нашата битка е како да создадеме услови нашите луѓе од Република Македонија, поготово младите и младите брачни парови да не се иселуваат. Се иселува дел од економски причини, но голем дел се иселуваат како резултат на тоа што нема систем во Република Македонија. Значи младите бараат да има систем, да функционира судско-обвинителскиот систем, да функционира државната администрација, да имаме функционален пазар на труд, да имаме функционална пазарна економија, да имаме развиени мали и средни претпријатија, но за сето тоа ни е потребно да имаме инвестиции, рече денеска при посетата на Крива Паланка кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски.

Според него, во државата се потребни инвестиции над 50 милијарди евра, инвестиции во инфраструктура, железница, сообраќај, индустрија, преработувачката индустрија.

Ни требаат инвестиции во делот на енергетиката, Вардарска долина да се направи, 11 хидроцентрали на реката Вардар, браната Чебрен-Галиште, пречистителни станици, за Вардарска долина да функционира. Исто така мораме да направиме комплетни урбанистички планови за сите излетнички места и за Попова Шапка и за Галичица. Галичица мора да се спои со Охридското Езеро, Пелистер, Кожуф, цела северна Грција може на Кожуф и да зимува и да летува, исто така и овде на Осоговските планини во близина на Крива Паланка, истакна Јакимовски.

Бујар Османи – Охрид:

Интеграција наспроти изолација, соживот наспроти етничка недоверба и тензија, прогрес наспроти враќање назад.бе аглавнитѕе поенти на претседателскиот кандидат Османи при неговиот настап пред охриѓани.

Тоа се двете понуди што им се нудат на граѓаните на овие избори. Како кандидат на Европскиот фронт, ја нудам интеграцијата во ЕУ и тоа во наредните пет години. Заокружување на седум години напор да станеме членка на Унијата. Ако ми успеа како министер да ги отворам преговорите со ЕУ, како претседател можам да ветам дека ќе го заокружам тој процес и до крајот на мандатот да станеме членка на ЕУ, рече Османи.

Европскиот фронт, рече Бијар Османи, нуди соживот, наспроти опцијата што бара 61 пратеник за да се исклучат другите.

И денеска и пратив порака на мојата противкандидатка Гордана Силјаноска. Барањето 61 пратеник е спротивно на сите начела на соживотот и мултуетничката демократија. Да прекинеме со говорот на омраза. Оваа држава може да биде богата, проесперитетна и успешна, само ако сите имаме еднакви права и можности. Тоа го нудам јас како кандидат за претседател, рече Османи.

Билјана Ванковска Мирчевска – Охридско струшки регион:

Мора да свртиме нов лист за заедничко добро, без оглед кои сме, што сме и какви сме, порача од Струга претседателската кандидатка Билјана Ванковска Мирчевска.

На средбите со граѓаните таа од нив побара да не го заборават 24 –ти април, денот на првиот круг од претседателските избори.

Во жарот на битката околу парламентарните избори можное да се случи овој ден да им избегне. Сметаме на активизам и мобилизација од граѓаните која нема да почне и да заврши на 8-ми мај. Да почне на 24-ти април за да заврши на 8 мај и потоа на 9 мај да славиме. Да славиме на  Ден на победа над фашизмот, пшорача Ванковска.

Таа се наврати 20-тина години наназад, во времето, како што подвлече, отпорот на стружани кон територијалната организација.

Можам да кажам дека мојот прв говор, обраќање од улица, пред граѓани беше овде. Градот е секако изменет но, луѓето ја споделуваат истата мака, а тоа е корумпирана локална власт, корумпирана центарлна власт и секако младите кои заминуваат. Практично се брише и дел од минатото, заклучи Ванковска Мирчевска.

Арбен Таравари – Скопје и Куманово:

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари, како дел од предизборната кампања денеска оствари средби со граѓани во скопската општина Сарај и во Куманово.

И во оваа пригода претседателскиот кандидат Таравари оцени дека државата е корумпирана и дека треба итни промени.

Системот на корупција, заедно со неговите гласноговорници кои се кандидираат за претседател, мора да се отстрани, рече тој и нагласи дека општината со која тој раководи секогаш добивала позитивни извештаи за транспарентност и антикорупција.Така треба да се работи и на државно ниво и дополни дека ако сакаме да се справиме со корупцијата која е во власта, треба да им се отвори вратата на новата генерација.

Последниот извештај означува чекор назад во владеењето на правото и борбата против корупцијата за што вината е и во последните измени на Кривичниот законик, а со кои се намалуваат казните не само за актуелни функционери туку и за оние од претходната влада, потсети Арбен Таравари.

Максим Димитриевски – Кичево, Демир Хисар, Кривогаштани, Прилеп:

Никогаш нема да се согласам со уставни измени кои го редефинираат изборот на претседателот со избор во Парламентот, а не од страна на граѓаните, порача денеска од Кичево претседателскиот кандидат, Максим Димитриевски и додаде дека доколку

стане претседател, ќе стави крај на монолитното веење знамиња низ целата држава. Земјата има државно знаме, а мора и да се почитува тоа што е напишано согласно уставот и законите, додаде тој. Според него, треба да градиме реално мултиетничко општество во кое сите имат еднакви права, но и еднакви обврски.

Граѓаните му ја даваат моќта на претседателот, а политичките партии му ја одземаат и го релативизираат. Македонија заслужува да има претседател кој ќе излезе од граѓаните и ќе се грижи за граѓаните. Ако сметате дека треба да ги поддржите оние што се вртат во круг 30 години, а никој не размуслува за граѓаните и националите и државните интереси, тогаш почитувани, продолжете така. Но, јас мислам спротивно од тоа, порача Димитриевски.

Тој дополни дека нема да потклекне на скриени барања од страна на поединци, кои сакаат да реализираат национални стратегии.

Македонија единствено може да биде држава на сите нејзини  граѓани, но притоа столбот на државата го поставија нашите претци, Македонците, зааедо  со останатите кои живеат на овие простори, напомена Димитриевски, додавајќи дека ќе го даде  својот максимум за државата, за народот и за секој граѓанин.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.